Македонија

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

 

Стопанската комора на Македонија бара посебен статус за транспортерите и трајно решение за проблемите со кои се соочуваат.

Дали со воведување на новиот систем ЕТИАС , кој треба да стартува идната година, дополнително ќе им се усложи работата?

Кога стартува ЕТИАС и што значи тоа за македонските граѓани?!

Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората, на прес-конференција изјави дека бараат професионалните возачи да бидат изземени од шенгенските ограничувања што важат за туристите.

„Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, рече Матракоски.

Деловната заедница истакна дека за пречките со кои се соочуваат транспортерите ќе се разговара на претстојната средба на министрите за економија од регионот, закажана за утре во Цетиње.

„Ова е значајна можност гласот на целата регионална деловна заедница директно – без посредници – да стигне до надлежните министри и високите претставници на Европската комисија“, додаде Матракоски.

Кон крајот на минатиот месец, транспортерите протестираа пред Делегацијата на ЕУ во Скопје, барајќи решение во врска со времетраењето на престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната.

Најнови вести од: Македонија

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Економските придобивки би биле условени и можат да се одземат ако земјите-нечленки се откажат од демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот

To top