Пратеничката Рашела Мизрахи реагира на навредите од Венко Филипче кон Христијан Мицкоски и забележува дека лидерот на СДСМ има силен тен фатен на блиски или подалечни мориња.
Мизрахи не му поставува на Филипче дијагноза за ментални состојби но е сигурна дека тој има некаков проблем.
,,Додека шефот на опозицијата, видно одморен и со силен тен, фатен на јахта додека пловел низ блиските и подалечните мориња навредува и прашува дали мислиме дека некој е наивен, единственото нешто кое ќе му го порачам без да му поставам ментална дијагноза е дека тој има сериозен проблем ако смета дека позади овие испади стои само она што го ветил а не го испорачал на комшиите”, порачува Мизрахи.
Таа за Филипче смета дека до толку не го бива што не знае ни како да одработи за непријателите на Македонија.
,,Оди плови Венко, не се замарај со политика и онака ниту нешто разбираш ниту нешто “за некого” знаеш да одработиш”, пишува Мизрахи за Филипче.