Регион

Шок во Србија: Тело на жена во замрзнувач, синот во притвор

Надлежните испитуваат повеќе можни сценарија

Полицијата во Србија истражува тешка семејна трагедија откако во куќа во местото Куман, општина Нови Бечеј, било пронајдено телото на жена со иницијали С.С., која живеела заедно со својот син М.С.

Според неофицијални информации, во семејниот дом биле пронајдени делови од нејзиното тело во замрзнувач, по што нејзиниот син бил веднаш приведен и пренесен во психијатриска установа.

Телото на жената, по налог на Вишото јавно обвинителство во Зрењанин, е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Нови Сад. Резултатите треба да покажат како настанала смртта и дали постојат елементи за кривично дело.

Надлежните проверуваат повеќе можни сценарија – дали жената починала од природна смрт, дали била изгладнувана од нејзиниот син или, пак, ѝ биле нанесени повреди кои довеле до смртен исход.

„Се испитува дали синот намерно ја изгладнувал и дали жената починала уште пред извесно време. Исто така, се проверува дали евентуално ѝ нанел смртоносни повреди.

Она што е сигурно е дека делови од нејзиното тело биле пронајдени во замрзнувачот“, изјавил извор близок до истрагата.

Конечните детали ќе бидат познати по завршувањето на обдукцијата, по што обвинителството ќе одлучи за понатамошните чекори во постапката.

Најнови вести од: Регион

Грчките археолози не го даваат „за џабе“ Самоил на Бугарија

Претседателот на Здружението на грчки археолози, Јанис Карлиампас, вели дека „ова е… еднострана размена, а реликвиите што треба да ги добиеме назад (од Бугарија) се резултат на грабеж и мора да бидат вратени во целост…

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел порака: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и Македонија, обете на распоредот на Урсула фон дер Лаен , заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“ во својата анализа со наслов „Западниот Балкан надежно ги застапува своите ставови“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека „ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина“!

Атина и Софија потпишаа Меморандум за враќање на 48 реликвии во Грција и пренесување на останките на цар Самоил во Бугарија

Меморандум за разбирање со кој во Грција се враќаат 48 реликвии од два грчки манастири и од една црква што над 100 години биле изложени во Националниот историски музеј во Софија, а Грција ќе ѝ ги предаде на Бугарија останките на цар Самоил, потпишале денеска министрите за култура на двете земји, Лина Мендони и Евтим Милошев, јави дописничката на МИА од Атина.

To top