Регион

Ќе требаат 50 години да се обнови шумата на Пирин Планина

Веројатно и сегашните деца не е многу сигурно дека ќе ја видат гората каква што била

Според проценките на експертите, летните пожари во Пирин зафатиле вкупно над 45 илјади хектари земјиште, од кои над 30.000 хектари  шумски површини.

Тоаа за бТВ го објаснил инжинер Иван Ризов, директор на Државното шумарство од Струмјани, објави Њуз.бг

„Ова е веројатно еден од најголемите шумски пожари“, истакна тој.

Според него, на периферијата на пожарот сè уште има тлеечки пожари, кои мора да се локализираат и изгаснат.

Потоа, ќе следи попис на изгорените површини – целосно изгореното дрво ќе се исече, отстрани и ќе се преземат акции за пошумување.

„За да се постигне состојбата со шумата пред пожарот, минимумот е 50 години, ова е минималниот период. Тешко дека ќе ја видиме шумата во формата во која била.

А и нашите деца не се многу сигурни дека ќе ја видат“, коментираше инжинер Ризов, додавајќи дека по најмалку 3 до 5 години ќе има доволно јасност за тоа какви се ефектите.

Најнови вести од: Регион

Камионџиите од Босна и Херцеговина на протест, бараат решавање на проблемите

Министерството за комуникации и транспорт на Босна и Херцеговина мора да ги спроведе сите 17 договорени мерки во целосна координација со министерствата на ентитетите без одложување. Конзорциумот истакнува дека роковите за дејствување се итни. Тие забележуваат дека замената на домашните возачи со „увезени решенија“ или префрлањето на проблемот во други земји е директно напуштање на домашната економија.

To top