Македонија

За три пати повисока е минимална пензија сега отколку пред десет години

Најголем процентуален раст има кај најниските пензии: Минималната пензија е зголемена за околу 176 проценти, просечната за околу 120 проценти, а највисоката за повеќе од 150 проценти

За десет години минималната пензија во Македонија е зголемена речиси трипати. Ако во 2016 година најниската пензија изнесувала 7.783 денари, денес таа е околу 21.500 денари, покажува анализата на финансискиот магазин „Пари“.

Во истиот период просечната пензија од нешто над 13 илјади денари во 2016 година денес е близу 29 илјади денари, додека највисоката пензија од околу 38 илјади денари достигнала повеќе од 97 илјади денари.

Најголем процентуален раст има кај најниските пензии. За една деценија минималната пензија е зголемена за околу 176 проценти, просечната за околу 120 проценти, а највисоката за повеќе од 150 проценти.

Значително влијание врз растот имаа и линеарните зголемувања на пензиите, со кои сите пензионери добиваа ист номинален износ. Таквиот модел најмногу им одговара на пензионерите со пониски примања и придонесе да се намали разликата меѓу најниската и највисоката пензија.

Сепак, и покрај растот на пензиите, нивниот однос со просечната плата не е значително подобрен. Во 2016 година просечната пензија изнесувала околу 59 проценти од просечната плата, а денес тој сооднос е нешто понизок.

Од друга страна, минималната пензија денес е поблиску до минималната плата отколку пред десет години. Тоа покажува дека најниските пензии растеле побрзо од дел од останатите примања, но прашањето за куповната моќ и натаму останува клучно, особено во услови на повисоки трошоци за живот.

Најнови вести од: Македонија

УЈП: За шест месеци граѓаните „оставиле“ 1,6 милијарди евра во казина, обложувалници и на слот-машини

 Иако веќе почнаа да се применуваат роковите за дислоцирање на казината, салите со слот-апарати и обложувалниците, трошењето пари на „игри на среќа“ не покажува опаѓање

Нови сомнежи и реакции околу „останките од она, што е можеби цар Самуил“, кои Грција ѝ го испорача на Бугарија!

Повеќе од илјада години од неговата смрт македонскиот цар Самуил е повторно во средиштето на светската јавност. По византиските хроничари, македонскиот средновековен владетел сега е цел на вниманието и на современите медиуми, откако на Бугарија ѝ се вратени некои останки, кои му се припишуваат нему, иако за тоа нема никаквви идентификациски и други сигурни докази.

To top