За растот на цените на горивата е вивновна Украина, а не Ормус, порача американскиот претседател Доналд Трамп преку објава на својата социјална мрежа Трут соушл.
„Она што ја зголемува цената на горивата повеќе не е Ормускиот Теснец, бидејќи рекордни количини нафта сега се испорачуваат низ него речиси секојдневно, туку ситуацијата со рафинериите: руските рафинерии се уништуваат од Украина, додека нашите се затвораат во ‘сините’ држави, како Калифорнија, по вина на Демократите“, напиша Трамп.