Регион

Извлечени тројца од 63 заробени во рудникот “Трепча” (ВИДЕО)

Рударите останале заробени во рудникот „Стантерг“ поради дефект во електроенергетскиот систем

Шеесет рудари останаа заробени на 11-тото ниво на рудникот „Трепча“ во Стари Трг.

Пожарникарите продолжуваат со напорите за извлекување на преостанатите рудари.

Ибрахим Јанузи, претседател на Синдикатот на рударите на „Трепча“, изјави дека рударите останале заробени во рудникот „Стантерг“ поради дефект во електроенергетскиот систем.

Јанузи рече дека дефектот настанал околу 19:30 часот, предизвикан од запалување на далноводите за висок напон и дефект на трафостаницата што го опслужува првиот тунел.

Според него, некои рудари веќе почнале да излегуваат преку алтернативни патишта.

Тој извести дека постои комуникација со рударите преку индуктивна телефонска линија и дека нивната состојба е стабилна.

„Нивната состојба моментално е стабилна; нема причина за загриженост“, изјави Јанузи, додавајќи дека еден рудар наводно има повреда на ногата, што би можело да му го отежне излегувањето пеш.

Јанузи рече дека, врз основа на информациите од теренот и комуникацијата со раководството, на доводот за електрична енергија до рудникот нема поголеми дефекти и тој може брзо да се поправи.

Тој нагласи дека дефектите во одделот за флотација не го попречуваат извлекувањето на рударите, бидејќи не се поврзани со лифтот што се користи за нивно транспортирање надвор од рудникот.

Претседателот на синдикатот го критикуваше недостатокот на инвестиции и застареноста на опремата, истакнувајќи дека слични инциденти се случувале и во минатото.

„За жал, недостатокот на инвестиции и застарените трафостаници често предизвикуваат нивно исклучување“, рече Јанузи. Според него, недостатокот на алтернативно напојување со електрична енергија ги остава рударите заробени со часови – ситуација што тој ја опиша како опасност по нивните животи и здравје.

Најнови вести од: Регион

Куп нови правила за летање со авион во ЕУ од 2027 – Што сè се менува?!

ЕУ ги реформира правата на патниците во воздушниот сообраќај. Од овие промени корист треба да имаат семејствата и лицата со попреченост. Но, во други области патниците ги очекуваат и одредени влошувања на условите.

Полицијата се судри со демонстранти во Приштина, 17 повредени (ВИДЕО)

Демонстрантите, во еден момент почнале да фрлаат пиротехнички средства кон зградата на парламентот и да палат контејнери, на што полицијата возвратила со солзавец со цел да ја потисне толпата и да ја смири ситуацијата

Божиновска на министерски самит за енергетика во Белград

Средбата на која со свои делегации ќе бидат и министрите за енергетика на Србија, Грција и Бугарија, е продолжение на првиот министерски самит што се одржа во Атина на 15 мај годинава, кога четирите земји се согласија дека енергетската сигурност, стабилноста и отпорноста на системите не можат веќе да се гледаат само како национални, туку и како заеднички регионални приоритети

To top