Бизнис

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

„Народната банка е посветена на финансиска едукација и инклузија на младите зашто вложувањето во нивните знаења и вештини е инвестиција во развојот на државата“, порача гувернерот на Народната банка Трајко Славески на средба со македонските средношколци кои учествуваа на 9. меѓународна економска олимпијада, што се одржа во Шенжен, каде што беше освоен бронзен медал. Тој посочи дека македонските учесници на Олимпијадата се вистински амбасадори на македонското знаење и пример за своите врсници, како и силен поттик за понатамошно вложување во знаењето и развојот на човечкиот капитал.

  • „Добро информираните и финансиски писмени млади се важен предуслов за стабилна и просперитетна економија. Средношколците, кои денес со своите знаења ја претставуваат нашата земја на меѓународната сцена, утре ќе бидат носители на иновации, претприемаштво и економски развој“, истакна Славески.

Гувернерот му честита на целиот национален тим за покажаното високо ниво на знаење во конкуренција од 260 натпреварувачи од 56 земји и посочи дека постигнатиот успех е резултат на посветеноста и знаењето на секој од неговите членови. Воедно, тој го нагласи успехот на Теа Ангелова, ученичка во втора година во Меѓународното училиште „НОВА“ во Скопје, која освои бронзен медал, како и второ место на Говори на младите во рамките на ИЕОкс  (англ.IEOx Youth Talks), потенцирајќи дека ваквите резултати се потврда дека вложувањето во знаењето и талентот на младите е најважната инвестиција во иднината на земјата.

Како дел од националниот тим, своите знаења на Олимпијадата ги покажаа и учениците Ванеса Томова од ПСУ „Јахја Кемал“ Скопје (прва година),  Оливера Џамбазова од СУГС „Орце Николов“, Скопје, (втора година),  Стефан Младеновски од СОУ „Јосиф Јосифовски“, Гевгелија (трета година) и Георги Јаковлев и ПСУ „Јахја Кемал“, Струга, (трета година). Нивни ментори за подготовките и во текот на Олимпијадата беа проф. д-р Анета Гацовска Барандовска и ас. м-р Стево Ѓоргиев од Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

На средбата, учениците ги споделија своите искуства од натпреварот, на кој решаваа сложени економски проблеми, покажаа висок степен на финансиска писменост и презентираа бизнис-план. Тие се заблагодарија за поддршката од Народната банка, која се вклучи во подготвителните активности преку предавања и надградба на нивните знаења и нагласија дека оваа поддршка е дополнителен мотив за нивно понатамошно академско и професионално усовршување.

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

Најнови вести од: Бизнис

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

Анализа: Инфлација 2,7% за септември – за една година храната поскапа за 1,7 проценти

Во септември во однос на август нема никаква инфлација, односно трошоците за живот останале непроменети, објави Државниот завод за статистика. Иако ова е позитивна вест, на годишно ниво сè е поскапо од ланскиот септември. Годишната инфлација изнесува 2,7 проценти.

Една година во СЕПА: Над 5 милиони евра заштеди за граѓаните и фирмите

Народната банка останува посветена на натамошна модернизација и приближување на домашниот финансиски систем до европските стандарди и унапредување на платежната инфраструктура што ќе ја зголеми ефикасноста и ќе обезбеди современи, брзи и достапни плаќања за граѓаните и бизнисите.

„Реплек“ ги јакне меѓународните партнерства и потенцијалот за раст на извозот

Петта година по ред „Реплек“ е дел од учесниците и изложувачите на еден од најзначајните светски саеми за фармација – CPHI, кој годинава, од 6 до 8 октомври, се одржува во Милано, со присуство на над 62.000 учесници и 2.900 компании од 166 земји.

Извозот пораснал за 8,7% – Со кои држави најмногу тргува Македонија?!

Во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и други катализатори на носачи.

Цената на гасот во Европа скокна за дури 171%

Првиот регулатор вели дека со почнување на грејната сезона и во земјава доколку не се смири пазарот, снабдувачот со парно топлинска енергија ќе почне да ги чувствува промените на цената на гасот и ќе побараат интервенција во калкулациите за цената на парното.

Најнови вести

To top