Хроника

Притвор и куќен притвор на двете вработени во АД „Државна лотарија“ за проневера на 1,3 милиони евра

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлог на Обвинителството, им определи мерка притвор и куќен притвор на двете осомничени финансиски раководителки во АД „Државна лотарија“ за “проневера во служба”.

Основното јавно обвинителство Скопје, двете финансиски раководителки во АД „Државна лотарија“ ги сомничи дека како соизвршителки сториле проневера во службата, така што целокупниот дневен промет за 2024 година, кој им бил доверен од продажните места, не го уплатиле и не го депонирале на трансакциските сметки на друштвото во деловните банки, туку го присвоиле за себе и на тој начин присвоиле пари доверени во службата во висина од 1,3 милиони евра.

Тие се сомничат за сторено кривично дело проневера во службата од член 354 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Според Обвинителството во текот на 2024 година првоосомничената на позиција директор на Секторот за финансии и сметководство и второосомничената како шеф на финансиски работи во АД за приредување игри на среќа „Државна лотарија“, вршејќи ги своите посебни овластувања и должности определени со законот, заедно учествувале во дејства на извршување на кривичното дело проневера со намера да прибават за себе противправна имотна корист.

-Тие присвоиле пари доверени во службата во значителен износ од 79.989.444 денари. Како овластени лица за подигнување готовински средства наменети за исплата на мали добивки и лица задолжени за прием и уплата на дневниот промет остварен од сопствени продажни места на друштвото, тие целокупниот дневен промет за 2024 година, кој им бил доверен од продажните места на АД „Државна лотарија на РСМ“, не го уплатиле и не го депонирале на трансакциските сметки на друштвото во деловните банки, туку го присвоиле за себе. Дополнително, од банкарските сметки на АД „Државна лотарија на РСМ“ подигале парични средства, кои исто така ги присвојувале за себе – се вели во соопштението од Обвинителство.

Најнови вести од: Хроника

Одземен пасошот и забрана за работа за Вишиот јавен обвинител од Битола, се сомничи за криминал и мито

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост против П.В. – Виш јавен обвинител од Битола, по сослушување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како и по ценење на фактите и доказите содржани во предлогот, донесе решение со кое го прифати предлогот на ОЈО ГОКК.

Уапсен 69-годишник во Гостивар откако полицијата му пронајде пушка и 110 куршуми

Надлежните пронајдоа и одзедоа автоматска пушка со рамка во која имало шест куршуми од 7,65 мм, рамка со седумнаесет куршуми од 7,65 мм, како и неколку кутии со вкупно 110 парчиња муниција од различни калибри

Обвинителството побара доживотен затвор за Трајче Бојковски, пресудата ќе биде изречена на следното рочиште

Во Основниот суд во Куманово денеска беа изнесени завршните зборови во судскиот процес против Трајче Бојковски, обвинет за четири убиства и два обиди за убиство. Обвинителството побара доживотна казна затвор.

Утринава четворица битолчани се степале во казино во Битола – нападнале и вработен во обезбедувањето

Во 03:15 часот рано изутринава во казино на улица Димитар Илиевски Мурато во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода М.Н.(40) , Ш.К.(41), А.Ј.(29) и Д.Р.(34), сите од Битола.

Најнови вести

To top