Македонија

Мицкоски од Брвеница: Не се алтернатива тие што ја уништија Македонија

Јасен е победникот на овие предвремени локални избори, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, мислејќи на Стојанчо Радичевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со жесток напад врз СДСМ пред вонредните избори за градоначалник на тетовската општина Брвеница.

„Седум години ја ограбуваа, ја распродаваа и ја уништуваа Македонија. Како да овие луѓе до пред само две и пол, три години, не беа тие коишто беа понижувани преку партија фудбалчиња и баскет парти во кабинетите и беа верни слуги на оние кои што владееја со нив. Како да заборавиле и на модуларната болница, како да заборавиле и на стабри и на мархиуана економија. И денеска еве ги тука пред вас, ви кажуваат како тие биле опцијата, како тие ќе го нанеле ударот врз идниот градоначалник Стојанчо, и како тие ќе помогнеле да не бидеме ни ние тие кои што ќе влезат во вториот круг.

Не се тие алтернативата. Тие се луѓето кои што ја ограбија и уништија Македонија. Зарем сакаме тие времиња да се вратат, кога понижени со свиткана кичма потпишуваа бели листови хартија, распродавајќи ја државата и истовремено ги полнеа своите џебови. Зарем тие истите луѓе, коишто седум години не водеа сметка да ве прашаат и погледаат во очи, како ви е, како се живее и што треба да направат за вас, за вашето место, за вашата општина и за нашата заедничка татковина. Единствено нешто за кое што се грижеа беше нивниот паричник, нивниот удобен живот, дебелите персиски килими, кожните фотелји и што е можно повеќе да украдат од вас граѓаните.
Доколку ние, луѓето кои што ја сакаме Брвеница и ја сакаме Македонија се обединиме тогаш нема невозможна работа.
Тоа што некои мислат дека е невозможно е возможно и победуваме на 18-ти октомври. Јасен е профилот и јасна е конкуренцијата на овие предвремени локални избори и јасен е победникот на овие предвремени локални избори. Стојанчо ја има мојата и поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на овие избори!“, рече Мицкоски од говорницата на предизборниот митинг во Брвеница.

Најнови вести од: Македонија

Силјановска Давкова: Не е искрен секој, што тврди дека се работи само за уставни измени! – Соседите да не ни ја одложуваат ЕУ-перспективата на неодредено!

Недоволна предвидливост на понатамошниот процес на пристапување и на нашиот пат кон ЕУ, недоволно јасна граница меѓу критериумите за членство и билатералните политички прашања, како и отсуство на доволно институционални гаранции дека исполнувањето на договорените услови ќе овозможи реален напредок во преговорите и во самиот процес – се дел од димензиите важни за напредокот на […]

Мицкоски: Ќе бидам премиер уште една година! – Следните парламентарни избори во април 2028 !

Следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, а мојот мандат како претседател на Владата завршува за нешто повеќе од една година. Целта на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ е да слушнеме од граѓаните што е тоа што недостасува и да се подобриме, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали најавената кампања на ВМРО ДПМНЕ е подготовка на предвремени избори.

Шестдневна манифестација во Чаир

Шестдневната програма ќе почне денеска во 18 часот во Албанскиот театар, со настап на ученици од основните училишта во Чаир, а утре во 12 часот ќе биде одбележана 20-годишнината од основањето на Основното училиште „Битолски конгрес“

Најнови вести

To top