Хроника

Починал грчки државјанин додека ловел во близина на Скопје

Пронајден без видливи траги на насилство, телото предадено на обдукција

Шеесет и деветгодишен државјанин на Грција бил пронајден починат во скопското село Ново Село, во општина Ѓорче Петров, додека бил на лов со пријатели, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 11 октомври, во 17:40 часот.

Лекар од Итната медицинска помош излегол на местото и констатирал смрт, без видливи траги на насилство.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот Е.П. било предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.

Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје, а пушката што ја носел починатиот била подигната за понатамошна постапка.

Најнови вести од: Хроника

Доживотен затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски, поради четири убиства и два обида за убиство на жени

Основниот суд во Куманово денеска ја изрече пресудата за Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане. Судот го осуди Бојковски на казна доживотен затвор, со што заврши првостепената судска постапка која предизвика голем интерес во јавноста.

Од 12 октомври 2026 започнува „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник (12.10.2026), системот за сообраќаен надѕор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, односно и во Струга, Кичево и во Дебар.

To top