Македонија

Скопјани добија парно

Официјалниот почеток на грејната сезона беше планиран за 15 октомври, но прогнозите за пониски температури овозможија порано стартување

Утрово започна испораката на топлинска енергија за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во Скопје.

Од АД ЕСМ соопштија дека, поради пониските температури и исполнувањето на условите за активирање на системот, греењето е вклучено пред официјалниот почеток на грејната сезона 2026/2027.

Официјалниот почеток на грејната сезона беше планиран за 15 октомври, но прогнозите за пониски температури овозможија порано стартување.

Компанијата ги потсетува граѓаните да ги проверат своите радијатори и домашните инсталации, како и навремено да пријават евентуални протекувања или дефекти.

Најнови вести од: Македонија

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на денешен ден, на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. На денешен ден пред 74 години е испечатена „Граматика на македонскиот литературен јазик. Дел I: Увод. За гласовите. За акцентот“. Во 1954 година е излезена од печат „Граматика на македонскиот литературен јазик. Дел II: За формите и нивната употреба“. Од вкупно 7.170 постојни живи јазици во светот, колку што истакнува „Етнолог“ (светска научна платформа за бележење и документирање на јазиците) дека ги има денес, лингвистот Харалд Хамарстром истражувал 6409 јазици во својата студија „Јазичната и јазичната еволуција“ од 2017 година и констатирал дека речиси половината од нив „недостасува каков било вид граматички опис“. Појасно кажано, речиси 3200 од сите светски јазици немаат никаква своја напишана граматика, но тоа воопшто не значи дека тие јазици немаат свои автентички граматички и други структури и внатрешни законитости. Но значи дека речиси 3200 народи, или етнички групи во светот, немале свои луѓе да се обидат, или и конечно да им напишат научна граматика, како што ги имал македонскиот народ своите Партенија Зографски, Венијамин Мачуковски, Димитар Миладинов, Ѓорѓија Пулевски, Крсте Мисирков и „лозарите“, сѐ до Круме Кепески и Блаже Конески.

Македонија меѓу побезбедните држави во светот според „Мапата на опасности за 2027“ на „Глобал гардијан“ од САД

Македонија и останатите земји од Западен Балкан се наоѓаат во категориите со ниска до умерена безбедносна опасност, покажува Глобалната мапа на опасности за 2027 година, објавена од американската компанија за корпоративна безбедност „Глобал гардијан“.

Објавен Вториот повик за предлог-проекти во рамките на ИПА III Програмата за прекугранична соработка Македонија-Албанија 2021-2027

Заинтересираните организации се повикуваат навремено да започнат со подготовка на своите проектни предлози, како и со воспоставување контакти и координација со потенцијалните прекугранични партнери. Раното планирање и ефективната соработка меѓу партнерите се важни предуслови за подготовка на квалитетни и одржливи проектни предлози.

Ковачевски: СДСМ претрпе сериозен изборен пораз, имаше само 124.000 гласа – Платформата 12:05 е оправдана!

„Ова што се случува (во СДСМ) не е нешто непознато во политиката, после пораз на избори СДСМ на локалните избори претрпе сериозен пораз, имаше само 124 илјади гласа’’ посочи поранешниот претседател на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски на гостување во МРТ.

Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски поднесе оставка, поради „лични причини“

Јовица Андовски повеќе нема да ја извршува функцијата заменик-министер за здравство, откако поднесе оставка од лични причини. Во писмото со кое се повлекува од функцијата, тој му се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски за довербата, поддршката и досегашната соработка.

Најнови вести

To top