Македонија

Македонија во апелот на три членки против билатерални спорови на патот кон ЕУ

Покрај македонско-бугарскиот спор, Австрија, Чешка и Словачка го наведуваат и тој меѓу Хрватска и Црна Гора

Австрија, Чешка и Словачка апелираат билатералните спорови да не го попречуваат процесот на пристапување во Европската унија, наведувајќи го спорот меѓу Хрватска и Црна Гора и тој меѓу Бугарија и Македонија како примери.

Во заеднички документ, трите земји предлагаат постепено вклучување на земјите-кандидатки во европските политики и програми, а Европската комисија предлага прашањата што не се директно поврзани со критериумите за членство да се решаваат преку билатерални или меѓународни механизми.

За Македонија, ова прашање останува особено важно, бидејќи напредокот на преговорите продолжува да биде условен од уставните амандмани за вклучување на Бугарите во Уставот.

Најнови вести од: Македонија

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на денешен ден, на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ веднаш добива меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик .Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

Македонија меѓу побезбедните држави во светот според „Мапата на опасности за 2027“ на „Глобал гардијан“ од САД

Македонија и останатите земји од Западен Балкан се наоѓаат во категориите со ниска до умерена безбедносна опасност, покажува Глобалната мапа на опасности за 2027 година, објавена од американската компанија за корпоративна безбедност „Глобал гардијан“.

To top