Македонија

Дали Макрон го ангажираше Пленковиќ за саботажа на проширувањето и за Македонија?

ЕУ прави перверзија од идејата за слободни европски граѓани, смета организацијата

Паневропското движење во Австрија испрати остри критики до францускиот претседател Емануел Макрон, обвинувајќи го за наводно координирано саботирање на процесот на проширување на Европската Унија на Западен Балкан.

Во официјална реакција објавена деновиве, најстарата европска организација за обединување на континентот изрази сериозна загриженост дека потезите на клучните земји-членки на ЕУ целосно ја уништуваат вербата во европската иднина на регионот.

„Дали Макрон го ангажираше Пленковиќ за саботажа?“, прашува Паневропа Австрија.

Директниот повод за ваквата реакција е веста дека Хрватска поднела листа од осум билатерални услови до Црна Гора за нејзиниот прием во ЕУ, меѓу кои и апсурдни барања како што е промена на името на затворениот базен во Котор.

Од „Паневропа Австрија“ јавно прашуваат дали зад ваквиот потег на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ стои токму францускиот претседател.

„Дали Макрон сега го ангажираше Пленковиќ да го саботира проширувањето на ЕУ?“ – прашуваат од организацијата, повлекувајќи паралела со блокадите кон Македонија.

„Бугарија во моментов е зафатена со уценување на Македонија. Додадете го на тоа и сосема апсурдниот систем за влез и излез во Шенген (Entry-Exit-System). Ако земјите од ЕУ навистина сакаат да ја уништат секоја вера во Унијата во регионот – само нека продолжат така“.

Стогодинишната борба за „Цела Европа“, сега е загрозена од бирократија смета Паеуропа.

Ваквиот остар тон доаѓа во време кога организацијата ја одбележува својата стогодишнина од првиот Паневропски конгрес во Виена. Движењето, основано уште во 1922 година од Ричард Куденхоф-Калерги, отсекогаш се залагало за правото на секоја европска држава да биде дел од заедничкиот блок.

Претставниците на „Паневропа“ предупредуваат дека со актуелната политика на уцени од одделни земји-членки и прекумерната бирократизација, ЕУ прави перверзија од идејата за слободни европски граѓани.

Според нивната последна „Виенска декларација“, Европа мора итно да си ја врати својата надворешна и безбедносна способност за дејствување, наместо да дозволува внатрешни блокади кои го дестабилизираат Западен Балкан.
Аналитичарите веќе предупредуваат дека ваквиот вакуум и разочарување кај балканските држави директно ги користат алтернативните глобални центри на моќ, пред сè Русија и блокот БРИКС, кои веќе ги засилуваат своите геополитички позиции во регионот.

Најнови вести од: Македонија

To top