Македонија

ВМРО ДПМНЕ за случајот „Михаилова“: Како може невролог да дава мислење за хирургиски зафат во Бугарија?!

ВМРО-ДПМНЕ упати обвинувања до докторот Барбов, Венко Филипче и Зоран Заев во врска со случајот со Ива Михаилова, барајќи одговори за медицинските постапки и одлуката за нејзино лекување во Бугарија.

Од партијата велат дека јавните изјави за случајот отвориле дополнителни дилеми за начинот на кој било постапувано и за оправданоста на преземените медицински чекори.

„Сакајќи да се извлечат од случајот со Ива Михаилова, Барбов, Филипче и Заев дополнително се заплеткаа во сопствените лаги. Така, обидувајќи се да се дистанцира од случајот и да се претстави како некој што не бил запознаен со сите околности, докторот Барбов отвори дополнителни дилеми за начинот на кој постапувал и за оправданоста на преземените медицински чекори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ прашува како е можно невролог да дава мислење за хируршки интервенции и врз која основа била дадена конзилијарна препорака, доколку пациентката не била упатена на лекарски конзилиум и не поднела барање за конзилијарно мислење.

„Зошто пациентка по претрпена траума, Барбов не ја упатил на соодветен преглед кај неврохирург или трауматолог и дали заедно со Филипче и Заев сакале да му направат услуга на Румен Радев со тоа што набрзина сакале да го затворат случајот и Михаилова да ја упатат на лекување во Бугарија?“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека билатералната соработка меѓу Македонија и Бугарија во областа на здравственото осигурување не значи дека може да се постапува произволно, туку дека мора да се почитуваат пропишаните правила за упатување пациенти на лекување во странство.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека со препораката за лекување во Бугарија биле надминати надлежностите и бара одговори за постапките, улогите и одлуките на сите инволвирани.

Најнови вести од: Македонија

Емисиите од работата на „Титан Усје“ се под граничните вредности – Ако филтрите не работат производството запира

ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.

Денес предадено во употреба новото основно училиште „Крсте Мисирков“ во скопско Ченто со 30 училници – вложени околу 2,8 милиони евра

Новиот објект на основното училиште „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто во општина Гази Баба денеска свечено беше пуштен во употреба во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование Весна Јаневска, градоначалникот Бобан Стефковски, како и наставници, ученици, родители и граѓани.

Охридското езеро денеска порибено со 100 илјади единки охридска пастрмка – во 2027 со уште 1 милион и 550 илјади

Охридското Езеро денеска ќе биде порибено со сто илјади единки охридска пастрмка, подмладок со просечна тежина од 4,2 грама, со што ќе биде заокружено порибувањето за оваа година – соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски при посетата на Хидробиолошкиот институт во Охрид. Тој оцени дека досегашните резултати во обновувањето на популацијата на […]

Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектора, со тоа ќе се зголеми драматично геостратегиското значење на Македонија!

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговори на новинарско прашање во однос на гасификацијата до каде е процесот, којa ќе биде користа за граѓаните и кога може да се очекува да заврши.

Најнови вести

To top