Македонија

(Фото): МТЕЛ добитник на признание за брзорастечка компанија на „Бизнис лидер 2026“

Пет години динамичен раст, иновации и континуиран развој.

МТЕЛ е добитник на признание за брзорастечка компанија на престижниот бизнис настан „Бизнис лидер 2026“, кој се одржа на 15 октомври во Македонската филхармонија, во присуство на претставници на водечките компании, институциите и бизнис-заедницата во Македонија. На настанот се обрати и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој го истакна значењето на успешните компании, претприемништвото и инвестициите за развојот и конкурентноста на македонската економија.

Признанието за МТЕЛ доаѓа во годината кога компанијата одбележува пет години од своето работење на македонскиот пазар и претставува значајна потврда за нејзиниот динамичен развој, континуираното проширување на понудата и амбициозната деловна стратегија.

Како дел од Телеком Србија Групацијата, МТЕЛ за релативно краток период изгради препознатливо присуство на пазарот, развивајќи портфолио на телекомуникациски и дигитални услуги. Преку телевизиската платформа MOVE, мобилните услуги и воведувањето нови дигитални решенија, компанијата континуирано инвестира во подобрување на корисничкото искуство и создавање дополнителна вредност за своите корисници.

  • „Ова признание има особено значење за нас бидејќи го добиваме токму во годината кога МТЕЛ слави пет години постоење во Македонија. Тоа е потврда за посветеноста на нашиот тим, довербата на корисниците и поддршката од Телеком Србија Групацијата. Нашата амбиција не е само да растеме, туку да градиме компанија која носи иновации, нови можности и долгорочна вредност на македонскиот пазар“, изјави генералниот директор на МТЕЛ Марко Лопичиќ.

„Бизнис лидер“ е платформа за препознавање на деловните достигнувања на компаниите во Македонија, при што признанијата се темелат на анализи на финансиските резултати, растот и деловната стабилност. Со ова признание, МТЕЛ добива дополнителен поттик да продолжи со реализација на своите развојни планови, проширување на услугите и зајакнување на својата позиција како современа телекомуникациска компанија ориентирана кон потребите на корисниците.

Најнови вести од: Македонија

Емисиите од работата на „Титан Усје“ се под граничните вредности – Ако филтрите не работат производството запира

ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.

Денес предадено во употреба новото основно училиште „Крсте Мисирков“ во скопско Ченто со 30 училници – вложени околу 2,8 милиони евра

Новиот објект на основното училиште „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто во општина Гази Баба денеска свечено беше пуштен во употреба во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование Весна Јаневска, градоначалникот Бобан Стефковски, како и наставници, ученици, родители и граѓани.

Охридското езеро денеска порибено со 100 илјади единки охридска пастрмка – во 2027 со уште 1 милион и 550 илјади

Охридското Езеро денеска ќе биде порибено со сто илјади единки охридска пастрмка, подмладок со просечна тежина од 4,2 грама, со што ќе биде заокружено порибувањето за оваа година – соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски при посетата на Хидробиолошкиот институт во Охрид. Тој оцени дека досегашните резултати во обновувањето на популацијата на […]

ВМРО ДПМНЕ за случајот „Михаилова“: Како може невролог да дава мислење за хирургиски зафат во Бугарија?!

ВМРО-ДПМНЕ упати обвинувања до докторот Барбов, Венко Филипче и Зоран Заев во врска со случајот со Ива Михаилова, барајќи одговори за медицинските постапки и одлуката за нејзино лекување во Бугарија.

Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектора, со тоа ќе се зголеми драматично геостратегиското значење на Македонија!

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговори на новинарско прашање во однос на гасификацијата до каде е процесот, којa ќе биде користа за граѓаните и кога може да се очекува да заврши.

Најнови вести

To top