Бизнис

Гувернерот за економските перспективи на Европа: Нов модел на економски раст клучен за брзо приближување кон ЕУ

Како важен двигател на продуктивноста и растот, Славески ги посочи квалитетот и структурата на инвестициите. Иако регионот привлекува значителни странски директни инвестиции, потребно е нивното поголемо насочување кон попродуктивни активности, поголемо учество на домашните компании во глобалните синџири на вредност и зголемување на додадената вредност на извозот.

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, се обрати на настанот посветен на Регионалниот економски преглед за Европа (EUR Regional Economic Outlook Dinner), во рамките на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Во фокусот на неговото излагање беа економските предизвици во услови на глобална неизвесност, но и можностите за забрзување на растот и побрза економска конвергенција на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија.

Славески истакна дека регионот се соочува со потреба од промена на моделот на економски раст – од модел заснован главно врз евтина работна сила и акумулација на капитал кон модел што се темели врз повисока продуктивност, поквалитетни инвестиции, технологии, знаења и производи со повисока додадена вредност.

  • „Забрзувањето на економската конвергенција не може да се потпира само врз капиталот и зголемувањето на вработеноста, туку бара сеопфатен реформски план насочен кон повисока продуктивност. Тој треба да опфати посилни институции и владеење на правото, подобро деловно опкружување, реформи на пазарот на трудот, развој на човечкиот капитал, како и поттикнување на иновациите, истражувањето и развојот и дигитализацијата“, рече Славески.

Гувернерот посочи дека зголемувањето на продуктивноста е клучниот предуслов за побрз и одржлив економски раст и за реално приближување кон животниот стандард во Европската Унија. Продуктивноста во Западен Балкан е околу половина од нивото во ЕУ, а нејзиниот раст и натаму е релативно слаб. Значителен потенцијал постои преку дигитализацијата, иновациите, примената на новите технологии и посилното поврзување на компаниите со образованието и истражувачката дејност.

Како важен двигател на продуктивноста и растот, Славески ги посочи квалитетот и структурата на инвестициите. Иако регионот привлекува значителни странски директни инвестиции, потребно е нивното поголемо насочување кон попродуктивни активности, поголемо учество на домашните компании во глобалните синџири на вредност и зголемување на додадената вредност на извозот.

Во овој контекст, тој го истакна и значењето на човечкиот капитал. Демографските притисоци, иселувањето и недостигот од соодветни вештини го ограничуваат потенцијалот за раст, додека ниската активност на жените на пазарот на трудот, невработеноста кај младите и неусогласеноста меѓу понудата и побарувачката на вештини оставаат значителен неискористен потенцијал.

  • „Подлабоката интеграција со европскиот пазар може да им овозможи на компаниите да го прошират работењето, да ја зголемат специјализацијата, да привлечат инвестиции и да се вклучат во посложени синџири на вредност. Планот за раст на ЕУ и постепената интеграција во единствениот пазар можат да бидат важни двигатели на овој процес“, истакна Славески.

Осврнувајќи се на предизвиците за монетарната политика, гувернерот истакна дека Народната банка во услови на енергетски шокови и инфлациски притисоци примени сеопфатен пристап, преку монетарни, макропрудентни мерки и мерки во доменот на задолжителната резерва. Овие мерки придонесоа за стабилизирање на девизниот пазар и намалување на инфлацијата, која во моментот изнесува 2,6%. Сепак, глобалната неизвесност и можните дополнителни притисоци бараат претпазливост и одлучување засновано врз податоци и анализи.

Најнови вести од: Бизнис

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

Македонија се подготвува за енергетска транзиција: Регулативата е веќе дефинирана, а ЕВН досега инвестираше 850 милиони евра

Во земјава дел од корисниците веќе имаат паметни броила, а во нивно инсталирање компанијата инвестирала 45 милиони евра, како и дополнителни 28,3 милиони евра во опрема. Планирано е до крајот на 2030 година во проекти од ваков тип да се инвестираат уште 40 милиони евра.

Европската комисија ги потврдува отпорноста на банкарскиот сектор и јакнењето на финансиската стабилност

Во Извештајот за нашата земја за 2026 година Европската комисија го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност. Воедно, се нотираат активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандарди.

Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“ – традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание

Винарската визба „Тиквеш“ продолжува да го потврдува квалитетот на своето портфолио со ново значајно меѓународно признание. Лозовата ракија „Kumova Reserve“ освои златен медал на престижниот „Spirits Selection by Concours Mondial de Bruxelles“, натпревар кој секоја година обединува врвни производители и експерти од светот на жестоките пијалаци.

Инфлацијата повторно ја тресе Европа, во повеќе држави цените пораснале над 5%

Додека Европа повторно се соочува со забрзување на инфлацијата, а во шест земји од еврозоната годишното поскапување достигнува или надминува пет проценти, македонската статистика на прв поглед дава сосема поинаква слика – инфлација од нула проценти. Но дали тоа значи дека цените во Македонија престанале да растат или дека зад една статистичка бројка се крие многу посложена економска реалност?

Нешто посебно, нешто вкусно: Нови медитерански вкусови во Веро

Веро продолжува да го развива својот асортиман со производи кои внесуваат нови вкусови во секојдневната исхрана и им овозможуваат на потрошувачите да пробаат нешто поинакво од она што вообичаено се наоѓа на домашниот пазар.

Комерцијална банка е прва и единствена од Македонија на топ листата на Форбс

Од лидер на домашниот пазар до банка препознаена на глобалната финансиска сцена, Комерцијална банка продолжува да поставува повисоки стандарди, да создава долгорочна вредност и да го претставува македонското банкарство меѓу најуспешните банки во светот.

To top