Македонија

Швајцарец “летал“ со 155 км/ч, во место каде е дозволено 80

Уапсен и против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик „небрежно управување со моторно возило

Вчера, службеници на Полициската станица за безбедност на патиштата во Тетово го уапсиле лицето А.Л. (37) од Швајцарија поради возење со двојно поголема брзина од дозволеното.

„При сообраќајна проверка е утврдено дека тој управувал „Мерцедес“ со швајцарски национални регистарски ознаки со брзина од 155 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е ограничена со знак од 80 километри на час надвор од станбена зона“.

„Тој е приведен во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „небрежно управување со моторно возило““, велат од Министерството за внатрешни работи.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Пожар зафати викендички кај Штип, повреден е еден од газдите

Голем пожар одново се прошири кај Штип, а на социјалните мрежи се објавени очајнички повици за помош. Пожарникарите спасуваат луѓе кои се нашле во лозја, а зафатени се повеќе објекти, меѓу кои и неколку куќи, а досега е повреден најмалку еден човек.

Државата остана без 9,5 милиони евра од ИПА фодновите

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против странски државјанин и правно лице поради сомнежи за злоупотреби при реализација на проект за канализациска мрежа во Кичево. Поради раскинувањето на договорот, државата останала без 9,47 милиони евра од ИПА-фондовите.

Иловица е една од најголемите потенцијални рударски инвестиции

Интересот од странски инвеститори постои и е континуиран, што се потврдува преку бројните геолошки истражувања и концесии доделени во изминатите години, но јавноста често е поделена поради еколошките ризици и потребата од строги стандарди за заштита на животната средина. Начевски заклучува дека Македонија може да стане регионален снабдувач на одредени суровини и да ја засили својата улога во европските синџири на снабдување.

Дури 235 луѓе истовремено земале и социјална помош и пензија

Неосновано исплатени 236 илјади евра за социјална помош, утврдил Државниот завод за ревизија во најновиот извештај. Станува збор за периодот од 2022 година до јуни 2025 година. Поради слабости во системските контроли, само за 2024 ревизорите утврдиле 235 корисници кои истовремено земале и социјална помош и пензија. Ревизорите предупредуваат дека ваквите состојби се ризик од нерационално трошење на јавните пари, оти ја намалуваат ефикасноста на системот за социјална заштита. Ревизорите посочуваат и на недоволна контрола од центрите за социјална работа, нецелосна документација, доцнење во постапките, како и неефикасно следење на враќањето на неосновано исплатените средства.

To top