Хроника

Три лица лишени од слобода за дрога, едно за нелегално оружје

Двајца од приведените се од Прилеп, еден од Македонски Брод, а кај охриѓанец се најдени пиштол, пушка и куршуми без дозвола

Две лица од Прилеп и едно од Македонски Брод се лишени од слобода откако кај нив е пронајдена дрога, а еден охриѓанец е приведен поради поседување оружје без дозвола, објави Министерството за внатрешни работи.

Вчера во 14:17 часот полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода И.П. (22) и С.Т. (19), двајцата од Прилеп.

Врз основа на Наредба од Основен суд Прилеп, полицајците извршија претрес во домот на И.П., при што пронајдена и одземена е марихуана, а затекната била и С.Т., кај која при преглед била пронајдена прашкаста материја.

Полициски службеници од ОВР Македонски Брод, пак, вчера во 17:05 часот го лишија од слобода С.В. (22) од Македонски Брод, кај кој при претрес во неговиот дом со Наредба од Основен суд Кичево пронајдена и одземена била грутчеста материја, марихуана, шише со течна материја и хартија за тутун.

Вчераутро во 09:00 часот полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишија З.Ј. (48) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се пиштол „црвена застава“ калибар 7,65 милиметри и куршуми и една пушка калибар 4,51 милиметри кои нелегално ги поседувал.

Најнови вести од: Хроника

Врсници тепале малолетник во училиштен двор во скопски Бит-Пазар и го снимале со мобилен, па објавиле на интернет

Неколку малолетници нападнале дете во двор на основно училиште во Скопје. Нападот бил снимен со мобилен телефон, а снимката потоа била објавена на интернет.

Кривична пријава против ексградоначалникот на Струмица Костадинов, С.Р. (38) и Ј.П.(60), поради „злоупотреба на службената положба“ и „фалсификување исправа“

СВР Струмица до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против Костадин Костадинов (36) од Струмица, поранешен градоначалник на Општина Струмица, С.Р. (38) од Струмица, поранешна  раководителка на Сектор за урбанизам, комунални работи и градежно земјиште при Општина Струмица и против Ј.П.(60) од Битола, тогаш управител на правно лице од Битола (сега ликвидирано). Постојат основано сомневање дека Костадин Костадинов и С.Р. сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, а Ј.П. сторил кривично дело „фалсификување исправа“.

To top