Жителите на Европската унија треба да пијат помалку пиво заради Украина, смета премиерот на Летонија, Андрис Кулбергс.
„Поддршката за Украина сè уште е прашање на пари. Тоа е едно пиво помалку годишно за еден Европеец. Ние можеме тоа да си го дозволиме. За нас тоа пиво е само трошок, а таму е прашање на живот или смрт. Пиеме помалку и таму се спасуваат животи. Толку е едноставно“, изјави Кулбергс пред самитот на лидерите на Европската унија во Брисел, каде се разговараше за долгорочниот буџет на Унијата и за помошта за Украина.
Тој ги повика европските лидери и граѓани да размислуваат помалку за сопствениот комфор, а повеќе за она што е најдобро за заедничката безбедност на целиот континент пред претстојната тешка зима.
Магазинот „Економист“ пресмета дека и сите 450 милиони жители на ЕУ да донираат по околу 3 евра (колку едно пиво), ќе се соберат околу 1,35 милијарди евра, што покрива само околу 2 отсто од реалните потреби на Украина, па на шега заклучува дека Кулбергс можеби мислел на едно пиво неделно, а не годишно.