Свет

Масовни и насилни протести низ Франција

Немирите ги зафатија Париз, Марсеј, Лион и Стразбур

Франција се соочува со нов бран масовни протести, придружени со насилство и судири со полицијата. Најмалку 166 лица се уапсени, додека полицијата употребила солзавец и палки во повеќе градови. Демонстрантите бараат пониски цени, повисоки плати и пензии, како и подобри јавни услуги.

Немирите ги зафатија Париз, Марсеј, Лион и Стразбур.

Според „Гардијан“, протестите се насочени и против слабеењето на францускиот систем на социјална заштита. Незадоволството се проширило од училиштата кон работниците, пензионерите и земјоделците.

Демонстрант во општинската зграда во Марсеј го испишал знакот „А“ кој значи „анархија“, пред полицијата да ги потисне насобраните демонстранти.

Во Париз, пак, полицијата употребила солзавец на Плоштадот на Републиката. Дел од демонстрантите фрлале пиротехнички средства и други предмети кон полициските службеници.

Нападнато било и седиштето на десничарската телевизија Си-Њуз. Демонстранти кршеле прозорци и фрлале предмети кон зградата, во која е сместено и радиото Европа 1.

Според француското Министерство за внатрешни работи, до сега биле регистрирани 140 протести со 32.800 учесници. Париската полиција соопштила дека околу 100 лица биле приведени поради носење оружје и други забранети предмети.

Властите за дел од насилството ја обвинуваат крајната левица. Министерството пријавило напади врз полицајци, обиди за грабежи и подметнување пожари.

Најнови вести од: Свет

Вештачката интелигенција ја презема работата, но не и последниот збор

Резултатите покажуваат дека вештачката интелигенција добива сè поголема улога во секојдневното банкарство, особено во комуникацијата и безбедноста. Но, кога станува збор за одлуки што директно влијаат врз финансиската иднина на клиентите, банкарските службеници засега ја задржуваат предноста.

To top