Хроника

Во септември констатиран 871 прекршок со електричен тротинет, одземени 17

Најголем дел, односно 377 прекршоци, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига), соопшти МВР

Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли во септември на целата територија на државата, при што констатира 871 прекршок направен од возачите на лесни електрични возила (електрични тротинети).

Најголем дел, односно 377 прекршоци, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига).

Најголем број прекршоци, вкупно 290, се констатирани на подрачјето на СВР Битола, потоа Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирала 167 прекршоци, СВР Охрид 125, СВР Струмица 113 итн.

Во рамки на контролите евидентирани се и осум случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик. Исто така, во текот на контролите одземени се 17 електрични тротинети.

Дополнително, констатирани се и 5.362 прекршоци што ги направиле други учесници во сообраќајот.

Најнови вести од: Хроника

Врсници тепале малолетник во училиштен двор во скопски Бит-Пазар и го снимале со мобилен, па објавиле на интернет

Неколку малолетници нападнале дете во двор на основно училиште во Скопје. Нападот бил снимен со мобилен телефон, а снимката потоа била објавена на интернет.

Кривична пријава против ексградоначалникот на Струмица Костадинов, С.Р. (38) и Ј.П.(60), поради „злоупотреба на службената положба“ и „фалсификување исправа“

СВР Струмица до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против Костадин Костадинов (36) од Струмица, поранешен градоначалник на Општина Струмица, С.Р. (38) од Струмица, поранешна  раководителка на Сектор за урбанизам, комунални работи и градежно земјиште при Општина Струмица и против Ј.П.(60) од Битола, тогаш управител на правно лице од Битола (сега ликвидирано). Постојат основано сомневање дека Костадин Костадинов и С.Р. сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, а Ј.П. сторил кривично дело „фалсификување исправа“.

To top