Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВРЕДИ, Јакуп Хусеини, отиде синоќа во штабот на кандидатот на „Национална алијанса за интеграција“(НАИ) предводена од ДУИ, Аркин Јахиј за лично да му да му го честита влезот во вториот круг од предвремените локални избори.
Од средбата беа споделени фотографии и видеа на кои се гледа како двајцата ривли се прегрнуваат во присуство на повеќе партиски поддржувачи кои ги поздравуваат со аплаузи и извици „браво“…
„За трпението, храброста, трудот од двата табора и верувам дека само вака може да одиме напред“, изјави Јахиј.
Според Државната изборна комисија, и по 100% обработени избирачки места, на предвремените локални избори за градоначалник на општина Брвеница води кандидатот Стојанчо Радически од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ кој има 2 943 гласа.
Втор е кандидатот на „Национална алијанса за интеграција“ предводена од ДУИ, Аркин Јахиј со 2 152 гласа,
На трето место се пласираше Јакуп Хусеини од Влен со 1 528 освоени гласа.
Јовица Радески од коалицијата предводена од СДСМ е четврт со 706, а независните кандидати одвоија незначителен број гласови: Душан Богдановски – 55 и Арифе Идризи со 21 глас.
Изборите се одржуваат откако на 23 јуни 2026 година на 58-годишна возраст почина дотогашниот прв човек на Општината, Јовица Илиевски.