Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение го поздрави изборниот резултат на Аркин Јахији, кандидатот на Националната алијанса за интеграција за градоначалник на Брвеница, кој обезбеди пласман во вториот круг од локалните избори.
Од партијата оценуваат дека резултатот ја потврдува поддршката од граѓаните и потребата од континуиран ангажман за достоинствено претставување, локален развој и институции што ќе им служат на сите, без разлика на нивната припадност.
ДУИ им се заблагодари на сите граѓани што учествувале во изборниот процес, како и на оние што ја поддржале кандидатурата на Јахији.
Од партијата посочуваат дека на Брвеница ѝ е потребна општина во која ќе се слуша гласот на секој граѓанин, инвестициите и услугите ќе се распределуваат рамноправно, а соживотот ќе се гради врз почитување и еднаквост.
ДУИ најавува дека и понатаму ќе работи заедно со граѓаните за правична застапеност и подобра иднина за Брвеница.