Македонија

Таравари: Сите албански партии да застанат зад кандидатот Албанец

Сите да гласаат за Аркин Јахиј човек кој го почитува секој Албанец!, повика лидерот на АА

 

Во реација во вчерашните предвремените локални избори во Брвеница, лидерот на Алијанса на Албанците изрази поддршка за кандидатот на коалицијата предводена од ДУИ, Аркин Јахиј.

Тој воедно ги повика партиите од албанскиот политички блок да го поддржат Јахиј во вториот круг што ќе се одржи по две недели.

„Многу важна победа доаѓа од Брвеница! Честитајќи му на Аркин за победата, ги повикувам сите албански партии да гласаат за овој чесен и посветен човек кој го почитува секој Албанец!“, напиша Таравари.

Најнови вести од: Македонија

Претседателе Филипче, до кога ќе се правиме дека сè е во ред?

Ако и по сите порази, предупредувања и разочарувања не сме подготвени искрено да се погледнеме во очи и да признаеме дека нешто сериозно не функционира, тогаш проблемот е многу подлабок од еден изборен резултат, реагира актуелниот координатор на СДСМ за општинските организации во третата изборна единица, Ацо Велковски

„Еволуција или револуција во војувањето? Од Заливската војна до Украина…“

Настанот ќе се одржи денеска во Порта Македонија со почеток во 10:30 часот, а во фокусот ќе бидат промените во современото војување, влијанието на новите технологии врз воените операции и предизвиците со кои се соочуваат вооружените сили и системите за колективна одбрана

To top