Свет

Радев: Решение за војната нема да се постигне со повеќе пари за воени средства

Зеленски побара дополнителни 70 милијарди евра од ЕУ , покрај веќе одобрените 90 милијарди за одбрана од руската инвазија за претстојната година

 

Бугарија нема да учествува во новиот пакет финансиска помош на Европската унија за Украина, изјави премиерот на земјата, Румен Радев.

Радев го изјави ова откако украинскиот претседател Володимир Зеленски, на неодамнешниот европски самит, побара дополнителни 70 милијарди евра од ЕУ за одбрана од руската инвазија за претстојната година. „Бугарија на никаков начин не може да учествува во тие 70 милијарди“, изјави Радев за новинарите.

Бугарскиот премиер истакна дека ЕУ минатата година веќе одобрила 90 милијарди евра за Украина, наменети за покривање на трошоците за 2026 и 2027 година. Тој напомена дека Унгарија, Чешка и Словачка договориле изземање од учеството во тој заем – за разлика од Бугарија.

Радев повика на што поскоро завршување на војната во Украина. Тој смета дека конфликтот ги исцрпува европските економии и поттикнува социјални тензии и политичка нестабилност.

„Решението нема да се постигне со воени средства“,вели бугарскиот премиер, кој ја извршуваше функцијата претседател на земјата од 2017 година до неговата оставка во јануари 2026 година.

Најнови вести од: Свет

ЕУ ќе бара од Канада и Британија поголемо финансирање за Украина

ЕУ и нејзините земји-членки обезбедуваат 80 отсто од помошта за Украина, изјави Урсула фон дер Лајен и истакна дека итно е потребно други партнери да го пополнат финансискиот јаз од 70 милијарди евра со кој Киев ќе се соочи следната година

To top