Хроника

Полицијата подготвува пријави против малолетниците што го претепаа 13-годишникот во Влае

МВР најавува поднесување на пријави

Полицијата интензивно работи на расчистување на случајот во кој 13-годишно момче беше брутално претепано во скопската населба Влае.

По целосното утврдување на фактите, против инволвираните малолетници ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во СВР Скопје досега се спроведени службени разговори со петмина малолетници на 15-годишна возраст. Разговорите се одвивале во присуство на нивните родители и бранители.

Во тек е повикување и на други малолетни лица, со цел да се утврди кои сè учествувале во нападот.

„Во СВР Скопје досега се извршени службени разговори со пет малолетни лица (на возраст од 15 години), во присуство на родител и бранител.

Во тек е повикување и на други малолетни лица заради утврдување на сите инволвирани во настанот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок“, соопштија од МВР.

Случајот во полицијата го пријавила мајката на 13-годишното момче.

Таа изјавила дека нејзиниот син бил физички нападнат без никаква причина во близина на плоштадот „Делфина“ во Влае.

Според нејзините наводи, напаѓачите му биле познати од претходно.

Истрагата продолжува, а надлежните најавуваат дека по целосното утврдување на сите околности ќе бидат преземени законски мерки против сите учесници во нападот.

Најнови вести од: Хроника

Изречена ефективна затворска казна за возач за брзо возење – прва во Повардарието

Н. З. (36) на делницата од автопатот Демир Капија-Гевгелија управувала „мерцедес“ со српски регистарски таблички со брзина од 169 км/ч на место каде што дозволената брзина е 80 км/ч. В. Ж. (57) со автомобил „ауди“ возел на делницата од автопатот Демир Капија-Гевгелија со 175 км/ч на место каде што е дозволена брзина од 100 км/ч.

Царинската управа спречи шверц со строго регулиран лек за малигни заболувања на граничниот премин „Богородица“

Царинската управа денеска информираше дека мобилен тим од Одделението за оперативни работи запленило вијали со медицински раствор „Xgeva“, што се употребува за малигни заболувања, а кои возач на автобус, косовски државјанин, се обидел да ги криумчари во кутија за прва помош.

To top