Македонија останува во горната половина меѓу 143 земји во светот, позиционирајќи се на 65. место на најновиот индекс на владеење на правото за 2026 година што го изработува „World Justice Project“.
Тоа е едно место подолу од минатата година, а две погоре од 2023 и 2024 година, кога беше 67.
Од земјите во регионот пред Македонија се Словенија на 26. место, Хрватска на 47., Косово 49. и Црна Гора на 57., а зад неа Босна и Херцеговина на 60. позиција, Албанија на 91. и Србија на 95. Грција е 47., Бугарија 63. итн.
Скандинавските земји ги запоседнаа првите четири места, и тоа Данска, Норвешка, Финска и Шведска по тој редослед, а во топ-10 се Луксембург, Германија, Нов Зеланд, Ирска, Холандија и Естонија.
На дното е Венецуела, пред неа Авганистан, Хаити, Камбоџа итн.
За одредување на индексот се земаат предвид 8 главни фактори, и тоа ограничување на владините овластувања, отсуство на корупција, отворена влада, фундаментални права, ред и безбедност, проведување на регулативите, граѓанска правда и кривична правда, кои се поделени на вкупно 44 специфични потпоказатели.
Оценката се движи од 0 до 1, а просечната на Македонија е 0,54, колку што има и Аргентина веднаш пред неа.