Регион

Бугарите во недела на избори за претседател на државата

Доколку победи во вториот круг – закажан за 1 ноември – Илијана Јотова, која утре полни 62 години, ќе стане првата жена избрана на претседателската функција

Околу 40% од гласачите изразуваат намера да гласаат на претседателските избори оваа недела, додека 17% остануваат неодлучни, покажуваат податоците од најновата анкета на „Алфа Рисрч“ спроведена во периодот од 18 до 22 октомври 2026 година, врз примерок од 1.000 полнолетни граѓани на национално ниво.

Ова го потврдува очекувањето, изнесено на почетокот на кампањата, дека излезноста на гласачите нема да го достигне прагот од 50% потребен за избор на претседател.

Според анкетите на јавното мислење, во водство е актуелната претседателка Илијана Јотова, блиска соработничка на премиерот.

Како поранешна новинарка, таа го наследи Радев на функцијата во јануари – откако тој поднесе оставка од претседателската должност за да учествува на изборите – по неговата победа и последователното именување за премиер.

Податоците укажуваат на тоа дека претседателскиот тандем на Илијана Јотова и Кирил Валчев ја задржува предноста, иако поддршката за нив е намалена – од 44,5% на почетокот на кампањата, таа сега изнесува 41,1%.

Истовремено, тандемот на Андреј Ѓуров и Кандев бележи пораст на поддршката, достигнувајќи 28,3% меѓу оние што одлучиле да гласаат.

Јотова е истакната членка на Социјалистичката партија и беше пратеничка во Европскиот парламент од 2007 до 2017 година.

Излезноста на гласачите на овие избори, на кои учествуваат 27 кандидати, би можела да остане под 40 отсто.

Доколку победи во вториот круг – закажан за 1 ноември – Илијана Јотова, која утре полни 62 години, ќе стане првата жена избрана на претседателската функција.

Најнови вести од: Регион

Мицкоски: Регионалната соработка и создавањето нови можности – важни чекори кон забрзана евроинтеграција

„Регионалната соработка, размената на идеи и создавањето нови можности се важни чекори кон стабилен, просперитетен регион и забрзана европска интеграција.“ – објави премиерот Мицкоски во објава на својот Фејсбук профил, откако присуствуваше на работниот ручек, посветен на улогата на младите во обликувањето на иднината на Западен Балкан, во рамки на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора.

Хаос и тепачка во албанскиот парламент – жесток судир меѓу пратениците на владејачката Социјалистичка партија и опозициската Демократска партија!

Пленарната седница на албанскиот парламент денеска беше прекината, поради ескалацијата на тензиите меѓу пратенците од владејачката позиција и опозицијата.

Марта Кос во Подгорица: Понекогаш се чувствувам како овчарка, која бдее над сè, што се случува во стадото!

„Треба да им кажете што да прават, тие ве слушаат… Понекогаш се чувствувам како овчарка, која бдее над сè што се случува во стадото. Имам многу моќ во оваа улога, но вистинската преобразба случува само кога луѓето ја чувствуваат – изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос пред студентите на Факултетот за политички науки во Подгорица, каде вчера одржа предавање.

To top