Македонија

Поевтинуваат бензините, дизелот со иста цена

Малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува од 96 на 91 денар за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува од 98 на 93 денари за литар, дизелот останува на 99 денари

Согласно одлуката на Регулаторната комисија донесена денеска бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинуваат за 5 денари по литар, а просечното намалување на малопродажните цени на нафтените деривати изнесува 1,89%.

Новите цени ќе започнат да се применуваат од 27 октомври 2026 година, од 00:01 часот, согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

Со новата одлука, максималната малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува од 96 на 91 денар за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува од 98 на 93 денари за литар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС останува непроменета и ќе изнесува 99 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за 0,50 денари и ќе се продава по максимална цена од 110 денари за литар.

За разлика од бензините и маслото за горење, кај мазутот М-1 НС е утврдено зголемување од 0,694 денари за килограм, со што неговата нова максимална цена изнесува 54,273 денари за килограм.

Најнови вести од: Македонија

Николоски за ЕРНО: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во Коридорите 8 и 10

Меѓу 5 и 6 милијарди евра инвестираме во подобрување на инфраструктурата само на коридорите 8 и 10. Ја имаме уникатната позиција овие коридири да се сечат токму во Македонија и мора да ја искористиме за да останеме конкурентна транзитна рута, вели Николоски во интервју за регионалната мрежа ЕРНО.

„Ми дадовте можност да ја претставам нашата работа“ – Божиновска им се заблагодари на пратениците за интерпелацијата

Работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на расправа во Собранието, каде што на дневен ред е интерпелацијата поднесена од пратениците на Левица.

Се извини откако претстави македонска песна како „стара бугарска“

Кандидатката од Крушево, Ребека Јанкоска, ја пееше песната „Дали чекаш стара мајчице“, авторска песна на браќата Миле и Ѓорги Барбаровски, а испеана од Гоце Арнаудов во 1994-та на фестивалот „Валандово“

To top