Македонија

Николоски пред германските инвеститори: Работиме на инфраструктурниот развој на државата, Германија е трговски партнер број еден на Македонија

Активно се работи на железничкото поврзување на Коридор 8, на автопатските делници на коридорите и најави изградба на нови експресни патишта.

Ја реализираме абициозната агенда што ја имаме во делот на инфраструктурниот развој на државата. Градиме нови автопати и железницица и со тоа правиме конкуретни услови за влез на нови инвеститори, но се обидуваме да ги задржиме и постојните, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на  средбата со Германската стопанска комора и на Македонско-германското стопанско здружение.

  • „Се обидуваме, онолку колку што можеме, да помогнеме на странските директни инвеститори да имаат што попријатна клима во државата. Исто така, би сакале да мотивираме да дојдат нови. Во однос на планови за иднината, имаме една доста амбициозна инвестициска кампања во делот на инфраструктура, која што далеку  надминува некој логичен процент на инвестиции споредени со бруто домашен производ или со состојба во буџет. Ако ги видите инвестициите капитални од буџетот или оние кои што одат од јавните претпријатија и кои што се во целосна државна сопственост, тогаш ќе видите дека најмногу се однесуваат токму во овој сектор” – се обрати Николоски пред присутните компании.

Додаде дека се работи на железничкото поврзување на Коридор 8, на автопатските делници на коридорите и најави изградба на нови експресни патишта.

  • „Во моментов имаме еден повик за третата секција за железничкото поврзување со Бугарија. Тендерот е објавен од страна на Делот за јавни набавки на Европската Унија, значи на еден најтранспарентен можен начин. Трае четири месеци, намерно ставивме подолг рок за да немаме после тоа оправдувања дека за месец или за два не можела да се подготви тендерска понуда и очекуваме и германските компании да учествуваат на истиот.

Со ЕУ во рамки на Планот на раст на развој на централното крило на коридорот 8. Првата фаза е реконструкција и модернизација на пругата кој оди Скопје, Јегуновце, Тетово, Гостивар. Втората е Гостивар-Кичево и третата е изградба на еден целосно нов дел кој што во моментов не постои и кој што треба да оди Кичево-Охрид-Струга-Граница со Албанија. Исто така, веќе следна година очекувам, доколку обезбедиме финансирање, да имаме два големи проекти во источниот дел на државата: два големи експресни патишта кои што треба да не поврзат со Република Бугарија.

Едниот оди Кочани-Виница-Делчево-Граница со Бугарија, вториот оди Радовиш-Струмица-Новосело-Граница со Бугарија. Така што, тоа се дополнителни можности кои што се отвараат пред нас” – истакна вицепремиерот Николоски.

Најнови вести од: Македонија

Европска недела за БЗР: Побезбедни работни места преку грижа за менталното здравје и навремено препознавање на ризиците

Унапредувањето на безбедноста и здравјето при работа (БЗР), со акцент на менталното здравје и психосоцијалните ризици на работното место, културата на превенција и добрите практики на домашните компании, ги обедини сите релевантни чинители на настанот со кој беше одбележана годинешната Европска недела за безбедност и здравје при работа. Во рамките на настанот беа доделени и националните награди за добра практика во безбедноста и здравјето при работа за 2026 година.

Судијката која му ги најде закопаните 350.000 евра в ѕид на Ѓоко Ристов избрана за јавна обвинителка за гонење организиран криминал и корупција

Искра Хаџи Василева е избрана за нова шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Таа освоила 67 гласа, а зад неа втор е Трајче Пеливанов, додека трет е Јован Цветановски.

Мицкоски: Македонија има највисок економски раст во регионот и инфлација пониска од европскиот просек

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата води про-бизнис и проекономска политика, посочувајќи ги податоците на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка како потврда за економските резултати на Македонија.

Најнови вести

To top