Свет

Русија доби „прифатлив“ предлог од САД за Украина!?

Прекин на огнот – не мировен договор, „замрзнување“ на прашањето за окупираните територии…

По вчерашната средба на рускиот пртседател Владимир Путин со специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, официјален Кремљ соопшти дека САД понудиле „прифатлив предлог“.

Според помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, Вашингтон презентирал предлог што Москва го смета за „прифатлив“.

Полскиот медиум „Онет“ тврди дека, наводно, ги добил деталите од предлогот а тие се:

  • Прекин на огнот меѓу Украина и Русија – не мировен договор;
  • Де факто признавање на окупираните територии со „замрзнување“ на прашањето за 49-99 години;
  • Укинување на повеќето санкции наметнати врз Русија;
  • Евентуално враќање на увоз на руски гас и нафта;
  • Нема гаранции во врска со непоширувањето на НАТО;
  • САД нема да ја прекинат воената поддршка за Украина.

Во предложениот план, „замрзнувањето“ на прашањето за окупираните територии за неколку децении би претставувало форма на фактичко признавање на руската контрола, но без меѓународен правен легитимитет.

Тоа што го нема во планот е отсуство на гаранција дека НАТО нема да се шири кон УКраина и да престане да испраќа воена помош.

Сега се чека најавената средба меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп.

Најнови вести од: Свет

Зеленски: „Деновите на безбедност на руското небо се завршени“

Ги предупреди меѓународните авиокомпании и осигурителите компании дека интензивирањето на нападите со украински дронови ќе го направи рускиот воздушен простор сè поопасен и би можело ефикасно да доведе до негово затворање

За три дена Џорџија Мелони ќе стане „најдолговечниот премиер“ во историјата на Италија

Во земја некогаш синоним за политичка нестабилност, првата жена премиер ќе ја води истата италијанска влада 1.413 дена, еден ден подолго отколку што Силвио Берлускони успеа во текот на неговите четири мандати

To top