Македонија

Петков ќе ја тужи Јотова поради Македонија

За експремиерот, лага е обвинувањето од претседателката дека бил подготвен да ja предаде бугарската позиција во Скопје

Поранешниот бугарски премиер Кирил Петков најави тужба против кандидатката за старо-нова претседателка на Бугарија, Илијана Јотова, обвинувајќи ја дека лаже оти бил подготвен да ги предаде бугарските национални интереси во Македонија.

„Кирил Петков беше подготвен во пет до дванаесет да ја предаде бугарската позиција во Скопје, спасена само преку итниот консултативен состанок со претседателот Румен Радев“, рече Јотова на синоќешната ТВ-дебата со противкандидатот за шеф на бугарската држава Андреј Ѓуров.

Бившиот лидер на Продолжуваме со промената во објава на Фејсбук го протолкува исказот на Јотова како обвинување за национално предавство, а „вистината е дека за време на мојата влада ја претворивме позицијата на Бугарија за Северна Македонија во позиција на целата Европска Унија. Неспорниот бугарски успех г-ѓа Јотова се обиде да го претстави како национално предавство“, напиша тој.

Петков додаде дека нивното заедничко патување во Македонија кога таа беше потпретседателка, а Румен Радев претседател на Бугарија, не било за преговори за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, како што тврди Јотова, и не било ниту во Скопје, туку во Битола, за отворање на бугарски клуб.

„Фотографијата со балоните е од единствениот пат кога г-ѓа Јотова беше со мене во Северна Македонија. Дали го спасуваше ‘националниот интерес’ пред балоните на новиот клуб? Ова е лесно докажлива лага“, категорично изјави поранешниот премиер на источниот сосед на Македонија.

 

Најнови вести од: Македонија

Ристески: Дигитализација и иновациите во производствените капацитети се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни на меѓународниот пазар

Годишната индустриска конференција „MANUFACTURING 2026 – Трансформација кон иновации“ е во организација на Македонското здружение на металната и електроиндустријата (MAMEI), Стопанската комора на Македонија и Европскиот дигитален иновациски хаб – ДигитМАК

Туристички бум во Турција: Рекордни приходи од туризмот од 51,3 милијарди долари во првите девет месеци од годинава

Вкупниот број посетители во Турција во наведениот период достигнал 49,1 милион. Руската Федерација со 5,70 милиони посетители, Германија со 5,17 милиони и Обединетото Кралство со 3,20 милиони посетители останаа трите најголеми туристички пазари за земјата.

To top