Двајца тешко повредени во сообраќајна несреќа во скопско еден час по полноќ.
„Денеска (31.10.2026) во 01:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот „Пријателство“, атар на с. Трубарево, скопско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(33) од с. Батинци, скопско, изгубило контрола и излетало од патот, кое притоа влегло во дворно место од семејна куќа.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Н.М. и неговиот сопатник Д.Г. (39) од Скопје, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, соопшти Министерството за внатрешни работи.