Тепачката се случила околу 19 часот кога повеќе лица членови на навивачката група „Фемили“ се упатиле во правец кон спортската сала „Јане Сандански“, каде претходно биле присутни група од околу 50 лица навивачи на КК „Работнички“, кои чекале влез на спортскиот натпревар
Тепачката што вечерва се случи кај спортскиот центар „Јане Сандански“ била меѓу две навивачки групи, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Откако претходно „360 степени“ објави видеа од тепачката, вечерва од МВР ни потврдија дека во физичката пресметка едно лице е повредено, а уште едно друго е приведено.
Повреденото лице со возило на Итна медицинска помош е пренесено во ГОБ „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.
Инаку, тепачката се случила околу 19 часот кога повеќе лица членови на навивачката група „Фемили“ се упатиле во правец кон спортската сала „Јане Сандански“, каде претходно биле присутни група од околу 50 лица навивачи на КК „Работнички“, кои чекале влез на спортскиот натпревар.
Во еден момент помала група од навивачката група „Фемили“ која се движела од улицата „Васко Карангелески“ запалиле пиротехнички средства и се доближиле до другата група каде со употреба на физичка сила ја нападнале групата навивачи на Работнички, по што се одалечиле во различни правци.