Четири лица се лишени од слобода по тепачка по натпреварот од Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија Арачиново и Тиквеш во скопски Чаир.
„Денеска (01.11.2026) полициски службеници од СВР Скопје по завршување на спортскиот фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Шкендија Арачиново и ФК Тиквеш кој се одржа на стадионот на Шкупи во Чаир од слобода ги лишија М.А.(33), Ф.Р.(21), М.Џ.(31) и Д.Ј.(36) сите од Скопје, поради повикување и учество во тепачка согласно член 3 од ЗСННОСН. Лицата се приведени во Полициска станица и им се сочинети записници за констатиран прекршок.
При приведувањето кај М.А. е пронајдена марихуана и истиот е лишен од слобода по член 215 од Кривичниот законик. По целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопшти Министерството за внатрешни работи.