Кандидатот на Националната алијанса за интеграција, предводена од ДУИ, Аркин Јахији, победи на вонредните избори за градоначалник на Општина Брвеница.
Според прелиминарните резултати, Јахији освоил 4.379 гласови, додека неговиот противкандидат Стојанчо Радичевски од коалицијата „Твоја Македонија“ (предводена од ВМРО-ДПМНЕ) добил 4.178 гласови. Разликата изнесува само 201 глас.
Изборите беа неизвесни до самиот крај на пребројувањето. Забележани се и 203 неважечки гласачки ливчиња.
На вториот круг излезноста беше значително поголема – околу 10 проценти повисока во споредба со првиот круг.