Македонија

Околу пладне излезноста во Брвеница е зголемена

Во однос на заштитата на личното избирачко право до 11 часот до ДИК е доставен еден приговор кој е усвоен и на гласач му е овозможено да гласа.

Членови на Државната изборна комисија предводени од претседателот Бојан Маричиќ и денес во рамки на вториот круг посетија три избирачки места во Општина Брвеница каде се одвива втор круг од гласањето за избор на градоначалник. Тие потоа одржаа и прес-конференција за медиумите, а претседателот Маричиќ со заклучок од теренската посета дека гласачите слободно и без сериозни проблеми излегуваат на гласање, а за тоа, според него, укажува и излезноста.

  • До 11 часот на денешниот ден податоците од сите 24 избирачки места се дека излезноста изнесува 13,82 проценти, односно дека од вкупно запишаните 16.256 гласачи до 11 часот гласале 2.245 граѓани. Најголема излезност до 11 часот се забележува во избирачкото место станува 2044 (во селото Стенче), 22,12 проценти, додека најмала на избирачкото место 2047 (во Теново) каде има 5,33 проценти, истакна Маричиќ.

Во споредба со првиот круг излезноста во 11 часот е зголемена за 4,71 процент. Тогаш пред две недели во овој период 11 часот гласале 1.480 гласачи или 9,11 проценти од вкупниот број на запишани гласачи, сега се 13,82 отсто односно 2.245, рече Маричиќ.

Во однос на заштитата на личното избирачко право до 11 часот до ДИК е доставен еден приговор кој е усвоен и на гласач му е овозможено да гласа.

Најнови вести од: Македонија

Ајри Шеј, Tessa Group: Иднината им припаѓа на бизнис моделите кои ги интегрираат енергетиката, напредните технологии и сајбер безбедноста

На четвртата конференција за дигитализација на АмЧам се обрати и министерот за дигитална трансформација во Владата, Стефан Андоновски, чие излагање беше посветено на креирање на услови за идните индустрии. На конференцијата зборуваа и претставници на ЕВН Македонија, претставници на ТИТАН Усје, Телеком на други компании од земјата.

Клековски: Ќе се основа самостоен Центар за итна медицинска помош Скопје, што може да се прошири на другите градови!

Министерот за здравство Сашо Клековски попладнево се огласи на Фејсбук по коментари за негова објава и даде објаснување што се прави со Итната помош.

Шасивари до Али Ахмети: Јазичните права не се штитат со отворени писма, туку со одржливи правни решенија!

Министерот за правда Јетон Шасивари му одговори на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со полагањето на правосудниот испит на албански јазик, оценувајќи дека ова прашање не треба да се претвора во партиско наддавање и меѓусебни обвинувања.

Средба Мицкоски-Варнс за македонско-американските односи и стратегиското партнерство

Македонско-американските односи, стратешкото партнерство, билатералната соработка и можностите за нејзино натамошно унапредување, биле тема на денешната средба на претседателот на Владата Христијан Мицкоски со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс.

Попов: После 14 години СДС во Центар, општината не е способна да реализира сериозен проект, освен да нацрта слика на ѕид!

Сергеј Попов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, во продолжението на амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2027 година, во реплика кон Лукаревска, а во врска со амандманот на СДС за обезбедување на средства од републичкиот буџет, за реконструкција и рехабилитација на улица „50-та Дивизија“, истакна дека вакво барање, по претходно собрани потписи на жителите на улицата, било поднесено до Општина Центар, пред повеќе од три години, а Општина Центар и СДС се сетиле дури сега.

To top