Македонија

Костовски до Села: Уцени и закани кај народот од Бутел не поминуваат, докажано

Градоначалникот на Бутел му реплицира на лидерот на Албанска лига, кој по изборите во Брвеница најави дека „Бутел е следен“

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, преку објава на Фејсбук му реплицира на лидерот на партијата Албанска лига, Зијадин Села, кој по изборите за градоначалник на Брвеница порача дека „на ред е Бутел“.

„Зијадин Села напишал Бутел бил следен.

Да, следен уште потежок нокаут од кој што свират ушите 6 месеци !
Бутел не е плен, нити има место за бандити што хараат и секој зелен агол го гледаат како нова зграда, таа епизода помина.
Уцени закани, кај народот од Бутел не поминуваат, докажано.
Во Бутел нема да се врати дијаспората која ја избркавте од дома, вие вечните политичари и “лидери”, за да ве гласа.
Зошто паметат дека кога ги напуштија домовите немаа вода за пиење, асфалтирана улица, градинки, училишта, паркови.
Кои сега ги градиме.
Експресниот развој на општина Бутел секако нема да биде спречен од луѓе со манири од 19 век.
Најважно, математика многу слабо. Многу!“, му порача Костовски на Села.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора со план за економски развој на Зелениково и Чучер-Сандево, ќе има и нови инвестиции

Стопанската комора на Северна Македонија ќе им обезбеди поддршка на општините Зелениково и Чучер-Сандево за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и искористување на европските фондови. Меѓу приоритетите се развојот на руралниот и алтернативниот туризам, унапредувањето на инфраструктурата и формирањето заедничка бизнис-заедница.

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

Изгор цени во Охрид: Квадратот на атрактивните локации над 3.000 евра

​Најбарани се помалите и функционални станови од 40 до 50 квадратни метри со една спална соба за туристичко издавање. Покрај купувачите од цела Македонија, висок интерес покажуваат и пензионери од западноевропските земји, лица кои работат во странство како и дијаспората.

To top