Извори запознаени со размислувањата на Трамп, под анонимност, предупредуваат дека претседателот сепак би можел да одлучи да започне напади. Тие посочуваат дека тој бил свесен за политичките ризици уште пред изборите во вторникот, но дека тие „едноставно не го загрижувале“.
Бидејќи нема јасен пат кон завршување на конфликтот со Иран, Трамп минатата недела доби извештај од адмиралот Бред Купер, командант на Централната команда на САД (CENTCOM), во кој се наведени опциите за продолжување на воените операции, велат два извори запознаени со ситуацијата.
Трамп, призна дека војната со Иран е само една од неколкуте причини за неговиот тежок изборен пораз.
„Постапив правилно“, изјави Трамп за „Волстрит џурнал“ но додаде: „Би го направил истото повторно.“
Еден извор наведе дека сега, откако завршија изборите на средината на мандатот, Трамп политички нема што повеќе да изгуби; тој би можел дополнително да го ескалира конфликтот со Иран и да се одлучи за напад.
Друг извор се согласи дека продолжувањето на непријателствата е најверојатното сценарио.
„Тој планира да го бомбардира Иран. Не слушајте што зборува. Се подготвуваше за тоа, но го одложи нападот поради изборите во средината на мандатот. Го замоливме да почека додека тие не завршат“, изјави изворот.
REPORTER: “VP Vance says the reason Republicans lost last night was the war in Iran.”
TRUMP: “It's largely true … but at the same time, if I had it to do again — I'd do it again.” pic.twitter.com/y1yx77Tpiz
— Chief Nerd (@TheChiefNerd) November 4, 2026