Во последните недели во Тетово е забележан Загрижувачки бран на меѓуетничко насилство меѓу малолетници е регистриран во последните недели во Тетово.
Имено, малолетници под 14 години физички напаѓаат и малтретираат свои соученици – врсници.
Нападите најчесто се случуваат за време на училишните распусти или попладне, а сторителите ги снимаат инцидентите и ги објавуваат на социјалната мрежа TikTok во посебни групи како дел од бизарни социјални предизвици, објавува порталот Сакам Да Казам.
Со овие деца се занимава и им изрекува мерки тимот за правда на децата во Центарот за социјални работи (ЦСР) Тетово. Од досегашните разговори со напаѓачите, овие стручни лица извлекуваат заклучок дека за овие зачестени меѓуетнички напади највиновни се училиштата, односно стручните служби во школите кои се законски обврзани, а не преземаат ништо за нападите кои буквално им се случуваат на голем одмор и пред нос, пишува порталот.
Родителите на нападнатите деца изразуваат голем револт и страв за нивната безбедност, наведувајќи дека нивните деца се пречекани пеш или на електрични тротинети, физички напаѓани, соблекувани и принудени да даваат понижувачки изјави пред камера.
Родителите на децата-жртви велат дека откако почнале да пријавуваат и масовно да споделуваат во јавноста за насилството врз нивните деца, видливо е поголемо присуство на полицијата во градот.
„СВР Тетово ги отфрла наводите дека случаите биле игнорирани. Напротив, секоја пријава се евидентира, се преземаат оперативни мерки на терен, се вршат разговор со малолетниците и родителите, се прегледуваат видеозаписите (вклучително и материјали од социјалните мрежи кога постојат такви индикации) и се преземаат мерки за спречување на било какви нови инциденти“, се вели во одговорот од МВР.