Бизнис

„Јасмин парфимерија“ влегува во Македонија – ги презема продавниците „Космо“ од „Тинекс“

Српскиот лидер во парфеми и козметика го презема работењето на специјализираните продавници Cosmo од Тинекс-МТ.

Јасмин Парфимерија, водечкиот регионален ланец за парфеми, козметика и производи за нега, денес ја потврдува реализацијата на трансакцијата со која го презема работењето на специјализираните продавници од бизнис линијата на брендот Cosmo, досега во сопственост на Тинекс-МТ. Со оваа трансакција Јасмин воспоставува свое директно присуство на македонскиот пазар, каде што ќе работи под брендот Јасмин Парфимерија.

Компанија со седумдесетгодишна традиција

Основан во 1956 година во Белград, Јасмин веќе седум децении ги поврзува генерациите купувачи со светот на парфемите, негата и шминката. Со мрежа од 27 парфимерии низ Србија и тим од над 200 вработени, Јасмин сега ја продолжува својата приказна во Северна Македонија, негувајќи ги вредностите врз кои ја изгради довербата на купувачите – квалитет, стручност и посветеност.

Во понудата на Jasmin парфимерии се наоѓаат престижни светски куќи како Chanel, Dior, Lancôme, Guerlain, Yves Saint Laurent, Armani, Hermès… На српскиот пазар, Јасмин е и ексклузивен дистрибутер на брендовите за декоративна козметика Naj Oleari, Pupa, Artdeco и Diego dalla Palma и на парфемските брендови Atkinsons, Versace Atelier, Moresque, THOO и многу други.

Стручните советници на Јасмин посветуваат внимание на желбите и потребите на секој купувач, пружајќи поддршка при изборот и препораки засновани на знаење и искуство. Посебните погодности, промоции и настани во парфимериите овозможуваат производите да се запознаат одблизу, да се испробаат новитетите и да се откријат нови фаворити. Преку онлајн продавницата и дигиталните канали, Јасмин останува поврзан со купувачите и надвор од парфимериите, со содржини посветени на трендовите и актуелностите од светот на убавината.

Искуството од соработката со шминкери, инфлуенсери и beauty креатори во Србија, Јасмин го пренесува и во Северна Македонија, поврзувајќи се со локалната beauty заедница. Преку заеднички настани и размена на знаења и искуства, сака да им ги приближи светските брендови на македонските купувачи и да одговори на нивните желби и потреби. На тој начин, Јасмин тежнее да стане дел од локалната секојдневница и препознатлива адреса за сите што ја сакаат козметиката, ги следат трендовите и уживаат во откривањето нови фаворити од светот на убавината.

Продавниците остануваат на своите локации

Со трансакцијата, Јасмин го превзема работењето на продавниците Cosmo и ќе продолжи да работи на истите локации во трите главни трговски центри во земјата – City Mall, Diamond и East Gate – како и во продавницата во трговскиот центар Зебра, која ќе ја изнајмува од Тинекс-МТ, сопственик на центарот.

Cosmo започна како прва дрогерија од овој тип во Македонија во 2009 година, како дел од семејството на Тинекс, и израсна во препознатлив специјализиран ланец со богат асортиман од над 15.000 производи, вклучително селективна и декоративна козметика, парфеми од реномирани светски куќи, природна и органска козметика, производи за нега на лице, коса и тело, како и ексклузивен дизајнерски накит од Шпанија и Италија.

Целосно реновирање и нов концепт

Во првите два месеци по преземањето, Јасмин ќе изврши целосно реновирање на сите продавници, со цел тие да бидат подготвени за нов, уште посовремен концепт и за нова понуда. Реновирањето ќе се спроведе во соработка со светските брендови што Јасмин ги застапува, со што продавниците ќе добијат современ амбиент и асортиман усогласен со најновите трендови во убавината и негата. Купувачите во Скопје со тоа ќе добијат пристап до понуда што досега не била достапна на македонскиот пазар.

Вработените остануваат, следи понатамошно ширење

Јасмин потврдува го продолжувањето на соработката со вработените на Тинекс-МТ во преземените продавници кои изразија желба да го продолжат работниот ангажман.
Компанијата најавува и понатамошно ширење на бизнисот со воведување нови брендови во асортиманот, следејќи ги современите трендови во убавината и здравјето и збогатувајќи ја понудата достапна за македонските потрошувачи.

Инвестициски советник

Како инвестициски советник во трансакцијата, настапи фирмата Ахиос од Скопје, специјализирана за продажба, купување и преземање на бизниси (M&A).

  • „Со задоволство влегуваме на македонскиот пазар. Ова е природен чекор во развојот на Јасмин како регионален играч и продолжување на нашата традиција долга седум децении. Продавниците ги преземаме заедно со луѓето кои ги водеа досега – нивното искуство и посветеност се основа на секој успешен чекор што го правиме напред. Во Скопје доаѓаме со јасна цел: да им понудиме на купувачите најдобар избор на парфеми и козметика, во современ амбиент и со стручен совет, како и да го прошириме асортиманот со нови брендови.“ Драгослав Дражовиќ, сопственик на Јасмин
  • „Cosmo ја изгради својата репутација како прва специјализирана дрогерија во Македонија и како препознатливо место за купување козметика и парфеми. Задоволство е што брендот и продавниците продолжуваат со работа на истите локации и со истиот тим, сега како дел од Јасмин, ланец со седумдецениско искуство во овој сегмент. Верувам дека заедно со новите брендови и со поширокиот асортиман што доаѓа со Јасмин, купувачите во Скопје ќе добијат уште подобра понуда.“ Кристина Тодоровиќ Николиќ, управител на Cosmo

За Јасмин

Јасмин (Jasmin DOO Beograd) е српски ланец на парфимерии основан во 1956 година, со седиште во Белград. Со мрежа од 27 продавници во Србија и околу 200 вработени, компанијата е еден од водечките регионални малопродавачи на парфеми, козметика и производи за нега, препознатлив по долгогодишните партнерства со најпрестижните светски beauty куќи и по персонализираниот пристап кон купувачите.

За Тинекс-МТ

Тинекс-МТ е македонски малопродажен лидер основан во 1994 година, со долгогодишно присуство на македонскиот пазар во неколку области. Компанијата е сопственик на трговскиот центар Зебра во Скопје и матична компанија на продавниците Cosmo.

 

Најнови вести од: Бизнис

Европската комисија ги потврдува отпорноста на банкарскиот сектор и јакнењето на финансиската стабилност

Во Извештајот за нашата земја за 2026 година Европската комисија го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност. Воедно, се нотираат активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандарди.

Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“ – традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание

Винарската визба „Тиквеш“ продолжува да го потврдува квалитетот на своето портфолио со ново значајно меѓународно признание. Лозовата ракија „Kumova Reserve“ освои златен медал на престижниот „Spirits Selection by Concours Mondial de Bruxelles“, натпревар кој секоја година обединува врвни производители и експерти од светот на жестоките пијалаци.

Инфлацијата повторно ја тресе Европа, во повеќе држави цените пораснале над 5%

Додека Европа повторно се соочува со забрзување на инфлацијата, а во шест земји од еврозоната годишното поскапување достигнува или надминува пет проценти, македонската статистика на прв поглед дава сосема поинаква слика – инфлација од нула проценти. Но дали тоа значи дека цените во Македонија престанале да растат или дека зад една статистичка бројка се крие многу посложена економска реалност?

Нешто посебно, нешто вкусно: Нови медитерански вкусови во Веро

Веро продолжува да го развива својот асортиман со производи кои внесуваат нови вкусови во секојдневната исхрана и им овозможуваат на потрошувачите да пробаат нешто поинакво од она што вообичаено се наоѓа на домашниот пазар.

Комерцијална банка е прва и единствена од Македонија на топ листата на Форбс

Од лидер на домашниот пазар до банка препознаена на глобалната финансиска сцена, Комерцијална банка продолжува да поставува повисоки стандарди, да создава долгорочна вредност и да го претставува македонското банкарство меѓу најуспешните банки во светот.

(Видео): Нема милионски одливи од „АЛТА банка“, трансакциите со Србија се редовни плаќања на клиентите, рече гувернерот

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да ги презема сите активности во рамките на своите законски надлежности, со цел заштита на средствата на клиентите и зачувување на стабилноста на Банката и на банкарскиот систем.

Филипче и СДСМ создаваат терен бизнисмен близок до нив да ја купи ‘Алта банка’

Еден од неколкуте докази што ја поткрепуваат оваа информација е вчерашната прес-конференција на генералниот секретар на СДС, Александар Димитријевиќ, кој побара ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на корисниците на „Алта банка“

Најнови вести

To top