Премиерот Христијан Мицкоски со најава од Диселдорф за неколку нови инвестициски проекти во Македонија.
„Во текот на денот имавме состаноци со голем број компании кои што или се присутни или сакаат да отворат бизнис кај нас, меѓу нив би ја издвоил и средбата со компанијата ‘Гересхајмер’ која што веќе има направено две инвестиции. Вкупната инвестициска вредност е околу 120 милиони евра, а вкупниот број на вработени околу 300.
Но, тоа што е поважно е што тие имаат амбиција да направат нова дополнителна инвестиција на 100.000 метри квадратни каде што ќе го зголемат бројот на вработени до 500 и ќе го триплираат практично обртот на својот бизнис кај нас, со што ќе контрибуираат позитивно и ќе додадат вредност во македонскиот БДП.
Исто така сакам да најавам, ако биде се како што треба, во декември нови три производни капацитети, кои што во својот полн капацитет кога ќе го достигнат во својот врв на инвестицијата ќе вработуваат повеќе од 1.000, но она што е поважно, добро платени работни места“, најави претседателот на македонската Влада од Германија.