Бизнис

Нешто посебно, нешто вкусно: Нови медитерански вкусови во Веро

Веро продолжува да го развива својот асортиман со производи кои внесуваат нови вкусови во секојдневната исхрана и им овозможуваат на потрошувачите да пробаат нешто поинакво од она што вообичаено се наоѓа на домашниот пазар.

Веро маркетите продолжуваат да ја развиваат понудата на внимателно избрани производи кои потрошувачите во Македонија можат да ги најдат во нивните маркети. Под мотото „Нешто посебно, нешто вкусно!“, актуелната селекција носи производи од познати производители, со акцент на традиционалните и медитеранските вкусови кои не се дел од вообичаената понуда на домашниот пазар. Концептот „Само во Веро“ опфаќа различни категории, од кафе, тестенини и сосови до слатки производи, алва, таан, бисквити, грицки, зачини и други специјалитети. На едно место, потрошувачите имаат можност да откријат производи со автентичен вкус и препознатлива традиција. Во понудата се застапени и производи од познати медитерански брендови, меѓу кои „Лумидис Папагалос“, „Хелиос“, „Galaxy Foods“, „Olympos“ и „Papadopoulos“.

За љубителите на кафе, „Лумидис Папагалос“ го носи препознатливиот вкус на медитеранското кафе, додека „Хелиос“ нуди разновиден избор на тестенини, од класични шпагети и макарони до таљатели, орзо, лазањи и други форми погодни за подготовка на различни оброци.

Понудата ја дополнуваат производите на „Galaxy Foods“, меѓу кои се балсамико кремови, оцет, сенф, сок од лимон и различни преливи. Разновидните комбинации на вкусови овозможуваат нивна употреба во салати, предјадења, јадења со месо, сирења и голем број други рецепти. За оние кои претпочитаат традиционални слатки вкусови, во Веро се достапни производите на „Olympos“, меѓу кои различни видови алва, таан и производи од сусам. Изборот вклучува класични, но и посовремени комбинации на вкусови.

Во сегментот на бисквити и грицки се издвојуваат производите на „Papadopoulos“, со различни видови грисини, интегрални производи и сендвич-бисквити со повеќе вкусови. Со ваквата понуда, Веро продолжува да го развива својот асортиман со производи кои внесуваат нови вкусови во секојдневната исхрана и им овозможуваат на потрошувачите да пробаат нешто поинакво од она што вообичаено се наоѓа на домашниот пазар.

Најнови вести од: Бизнис

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

Македонија се подготвува за енергетска транзиција: Регулативата е веќе дефинирана, а ЕВН досега инвестираше 850 милиони евра

Во земјава дел од корисниците веќе имаат паметни броила, а во нивно инсталирање компанијата инвестирала 45 милиони евра, како и дополнителни 28,3 милиони евра во опрема. Планирано е до крајот на 2030 година во проекти од ваков тип да се инвестираат уште 40 милиони евра.

Европската комисија ги потврдува отпорноста на банкарскиот сектор и јакнењето на финансиската стабилност

Во Извештајот за нашата земја за 2026 година Европската комисија го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност. Воедно, се нотираат активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандарди.

Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“ – традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание

Винарската визба „Тиквеш“ продолжува да го потврдува квалитетот на своето портфолио со ново значајно меѓународно признание. Лозовата ракија „Kumova Reserve“ освои златен медал на престижниот „Spirits Selection by Concours Mondial de Bruxelles“, натпревар кој секоја година обединува врвни производители и експерти од светот на жестоките пијалаци.

Инфлацијата повторно ја тресе Европа, во повеќе држави цените пораснале над 5%

Додека Европа повторно се соочува со забрзување на инфлацијата, а во шест земји од еврозоната годишното поскапување достигнува или надминува пет проценти, македонската статистика на прв поглед дава сосема поинаква слика – инфлација од нула проценти. Но дали тоа значи дека цените во Македонија престанале да растат или дека зад една статистичка бројка се крие многу посложена економска реалност?

Комерцијална банка е прва и единствена од Македонија на топ листата на Форбс

Од лидер на домашниот пазар до банка препознаена на глобалната финансиска сцена, Комерцијална банка продолжува да поставува повисоки стандарди, да создава долгорочна вредност и да го претставува македонското банкарство меѓу најуспешните банки во светот.

To top