Бизнис

Комерцијална банка е прва и единствена од Македонија на топ листата на Форбс

Од лидер на домашниот пазар до банка препознаена на глобалната финансиска сцена, Комерцијална банка продолжува да поставува повисоки стандарди, да создава долгорочна вредност и да го претставува македонското банкарство меѓу најуспешните банки во светот.

Комерцијална банка испиша ново значајно поглавје во македонското банкарство како прва и единствена банка од Македонија што се најде на престижната глобална листа „Forbes World’s Top-Performing Banks 2026“. Во првото издание на ова глобално рангирање, Комерцијална банка е избрана меѓу топ 500 банки од 89 земји, со што се најде во друштво на најуспешните и најстабилните финансиски институции во светот. Листата нуди глобален преглед на банките што постигнуваат високи резултати на своите пазари и е изработена од Forbes, еден од највлијателните и најпрестижни глобални медиуми, во партнерство со Statista.

Ова меѓународно признание ја потврдува извонредната успешност на Комерцијална банка според клучните показатели за работењето: профитабилност, раст и квалитет на добивката, отпорност на капиталот и изворите на финансирање, како и квалитет и ефикасност на активата.

  • Рангирањето на Комерцијална банка меѓу топ 500 банки во светот е силна потврда за нејзината финансиска стабилност, стратешката приспособливост и способноста да создава одржлива вредност во услови на забрзана дигитална трансформација, динамично економско опкружување и промени на каматните стапки. Истовремено, признанието го потврдува континуираниот фокус на Банката на задоволството на клиентите, квалитетот на услугите и на развојот на современи финансиски решенија – изјави Хари Костов, главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка, по повод ова признание.

Банките на најновата Forbes листа се рангирани врз основа на објективни финансиски податоци добиени преку водечки извори, меѓу кои платформата S&P Capital IQ, како и преку дополнителни истражувања и податоци. Право на учество имаат лиценцирани депозитни институции чија основна дејност вклучува кредитирање на населението или компаниите, кои објавуваат ревидирани финансиски извештаи и финансиски податоци и имаат актива поголема од 3 милијарди американски долари.

Како прва и единствена банка од Македонија на листата „Forbes World’s Top-Performing Banks 2026“, Комерцијална банка уште еднаш ја потврдува својата лидерска позиција на домашниот пазар и својата конкурентност во меѓународни рамки. Ова признание е резултат на јасна стратегија, одговорно управување, дисциплинирано работење и посветеноста на вработените, но пред сѐ на довербата што клиентите со децении ѝ ја даваат на Банката.

Од лидер на домашниот пазар до банка препознаена на глобалната финансиска сцена, Комерцијална банка продолжува да поставува повисоки стандарди, да создава долгорочна вредност и да го претставува македонското банкарство меѓу најуспешните банки во светот.

Најнови вести од: Бизнис

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

Македонија се подготвува за енергетска транзиција: Регулативата е веќе дефинирана, а ЕВН досега инвестираше 850 милиони евра

Во земјава дел од корисниците веќе имаат паметни броила, а во нивно инсталирање компанијата инвестирала 45 милиони евра, како и дополнителни 28,3 милиони евра во опрема. Планирано е до крајот на 2030 година во проекти од ваков тип да се инвестираат уште 40 милиони евра.

Европската комисија ги потврдува отпорноста на банкарскиот сектор и јакнењето на финансиската стабилност

Во Извештајот за нашата земја за 2026 година Европската комисија го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност. Воедно, се нотираат активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандарди.

Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“ – традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание

Винарската визба „Тиквеш“ продолжува да го потврдува квалитетот на своето портфолио со ново значајно меѓународно признание. Лозовата ракија „Kumova Reserve“ освои златен медал на престижниот „Spirits Selection by Concours Mondial de Bruxelles“, натпревар кој секоја година обединува врвни производители и експерти од светот на жестоките пијалаци.

Инфлацијата повторно ја тресе Европа, во повеќе држави цените пораснале над 5%

Додека Европа повторно се соочува со забрзување на инфлацијата, а во шест земји од еврозоната годишното поскапување достигнува или надминува пет проценти, македонската статистика на прв поглед дава сосема поинаква слика – инфлација од нула проценти. Но дали тоа значи дека цените во Македонија престанале да растат или дека зад една статистичка бројка се крие многу посложена економска реалност?

Нешто посебно, нешто вкусно: Нови медитерански вкусови во Веро

Веро продолжува да го развива својот асортиман со производи кои внесуваат нови вкусови во секојдневната исхрана и им овозможуваат на потрошувачите да пробаат нешто поинакво од она што вообичаено се наоѓа на домашниот пазар.

To top