Македонија

Нови директори на Кардиологија и Неврологија

Д-р Даница Петкоска Спирова и Д-р Игор Кузмановски се назначени за нови директори на клиниките за Кардиологија и Неврологија

 

Д-р Даница Петкоска Спирова  е истакнат субспецијалист кардиолог специјализиран за напредна трансторакална и трансезофагеална ехокардиографија, како и дуплекс ехосонографија на каротидните артерии.

Со своите вештини се здобила во својата матична установа, со доусовршување при престој во светски кардиолошки центри. Диломирала на Медицинскиот факултет во Скопје 2007 година, а последно се здобива со звањето Доктор по медицински науки со фокус на Кардиологијата, поточно во полето на инвазивни техники во третман на каротидната артериска болест, за која има бројни предавања на интернационални стручни и научни конгреси.

Од 2011 година е вработена на Универзитетската Клиника за Кардиологија каде што ја применува својата експертиза во напредни дијагностички и терапевтски процедури.

Д-р. Петкоска придонела за оваа област со бројни публикации во рецензирани списанија со висок импакт фактор и е учесник во повеќе интернационални научни студии од областа на Кардиологијата.

Др. Игор Кузмановски, роден 1972 во Скопје е вработен на Клиниката за неврологија од 1996 година.

Завршил медицински факултет на државниот универзитет во Скопје со просечна оцена 9.12.

Положил специјалистички испит по предметот Неврологија во 2002.

Докторирал 2016 и е актуелен професор на Медицински факултет Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Унгарскиот премиер Маѓар ја пречека Сиљановска-Давкова во Будимпешта

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, престојува во официјална посета на Будимпешта, каде што присуствува на високите државни и културни манифестации по повод одбележувањето на јубилејната 70-годишнина од Унгарската револуција од 1956 година

To top