Малку е веројатно дека ќе има јасен победник во војната меѓу Русија и Украина. Овој став го изнесе генералниот секретар на НАТО за време на гостување во холандската емисија „Pauw & De Wit“, пренесува „Блумберг“.
Запрашан дали некој ќе излезе како победник во војната во Украина, која започна со руската инвазија во февруари 2022 година.
„Не мислам дека тоа е многу веројатно. Војните од ваков вид секогаш завршуваат со мировен договор, кој често вклучува некаков вид компромис“, изјави Руте.
Тој исто така нагласи дека Европа мора да остане будна во однос на потенцијалната руска агресија, дури и откако војната во Украина конечно ќе заврши.
„Во моментов, руската закана не се манифестира директно долж нашите граници, бидејќи голем дел од нивните трупи се ангажирани во Украина. Но, штом ова ќе заврши, нивната масивна армија нема туку-така да седи таму, само за да биде масивна армија“, рече генералниот секретар на НАТО.
Тој исто така изрази „големо восхитување“ кон украинскиот претседател Володимир Зеленски, напоменувајќи дека двајцата разговараат секоја недела.
Руте ја истакна важноста што американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин ѝ ја придаваат на одржувањето „добри односи“.