Свет

И Ерменија со намера да поднесе барање за членство во ЕУ

По Украина и Молдавија, уште една бивша советска република има намера да аплицира во периодот меѓу 2027 и 2028 година

Премиерот Никол Пашинјан изјави дека повлекувањето на Ерменија од Евроазиската економска унија (ЕАЕУ) би станало неизбежно доколку земјата се приклучи кон Европската унија.

Ереван има намера да поднесе барање за членство во ЕУ во периодот помеѓу 2027 и 2028 година. Сепак, во моментов не се вршат никакви подготовки за напуштање на ЕАЕУ; властите планираат прво да спроведат референдум за ова прашање.

Според Пашинјан, Ерменија развива алтернатива на својот сегашен пат на интеграција, со цел да им понуди избор на своите граѓани.

Понатаму, премиерот изјави дека интересот на Ерменија за Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) е намален.

Најнови вести од: Свет

Трамп би можел пак да го нападне Иран !?

Нови напади врз Иран ниту значително би ја промениле преговарачката позиција на Техеран, ниту би довеле до промена на режимот, тврдат еден претставник на американското разузнавање и уште двајца американски функционери запознаени со проценките на разузнувачките служби

To top