Македонија

ТИТАН Усје и ПМФ со нов меморандум ја продлабочуваат соработката во поддршка на науката и образованието

Меморандумот е продолжение на повеќегодишната соработка насочена кон практична настава, размена на знаења и искуства и развој на идните стручни кадри.

ТИТАН Усје и Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје потпишаа Меморандум за соработка, со кој го зајакнуваат партнерството меѓу академската заедница и индустријата. Меморандумот е продолжение на повеќегодишната соработка насочена кон практична настава, размена на знаења и искуства и развој на идните стручни кадри.

„Поддршката за академската заедница за нас е вложување во идниот развој на индустријата и општеството. Веруваме дека студентите треба да имаат пристап до квалитетна практична настава, соодветна лабораториска опрема и можност да ја запознаат примената на научните знаења во производството. Со овој Меморандум ја потврдуваме нашата определба да го развиваме партнерството со ПМФ и да создаваме подобри можности за учење и професионален развој на младите“, истакна Константинос Николаoу, главен извршен директор на ТИТАН Усје.

Деканот на Природно-математичкиот факултет проф. д-р Даворин Трпески и проф. д-р Миха Буклески од Институтот за хемија, ги презентираа плановите на оваа научна институција за развој на науката.

„Унапредувањето на условите за студентите придонесува за поквалитетна настава и отвора нови можности за научни истражувања и иновации, значајни за академската заедница и општеството”, истакна деканот на ПМФ, проф. д-р Трпески.

 

Важен дел од соработката е практичната едукација на студентите преку посети на фабриката, каде непосредно се запознаваат со индустриските процеси, современите технологии и примената на стекнатото знаење во реално работно опкружување.

ТИТАН Усје досега ја поддржа и лабораториската и научната работа на ПМФ, меѓу другото преку опремување лабораторија на Институтот за хемија во 2023 година и набавка на инструмент за образовни и научни активности во 2024 година. Компанијата ги поддржа и 7. Балканска олимпијада по физика во 2025 година и Конгресот на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија.

Со потпишувањето на Меморандумот, ТИТАН Усје ја продолжува својата улога на долгорочен партнер на академската заедница, поддржувајќи го знаењето како основа за развој на младите, индустријата и заедницата.

 

Најнови вести од: Македонија

Огромен интерес за милионот: Досега пријавени 413 тимови, рокот истекува на 11 ноември

Заклучно со 5 ноември, на второто издание на натпреварот за најдобра бизнис-идеја се пријавени 413 средношколски тимови, кои со своите креативни и иновативни идеи влегуваат во трката за инвестиција од еден милион денари.

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ

ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.

Независниот синдикат на одбраната: Не го поддржуваме утрешниот манипулативен протест! Нашиот пат е дијалог, а не улица!

Независниот синдикат на одбраната (НСО), како најголем и репрезентативен синдикат на вработените во Министерството за одбрана и Армијата, остро се спротивставува на обидите за манипулација и вовлекување на припадниците на Армијата во протести кои не ги одразуваат нашите синдикални вредности и принципи.

Мицкоски: Поради егзибициите и антидржавната политика на претходната Влада, имаме политички услов – уставните измени

И амбасадорот Рокас вчера кажа дека, во суштина, споредено со минатогодишниот извештај имаме значителен напредок оваа година. Но исто е поважно да се каже дека извештајниот период не ги опфаќа оние реформи кои се направени во меѓувреме и ќе се направат до крајот на годината, посебно кога станува збор за борбата со корупцијата и владеењето на правото, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Кога ќе ги извадиме валканите алишта и мумиите од плакарот?

Кога ќе ги извадиме од плакарот сите алишта, особено валканите, па и мумиите (не мислам на Бранко Црвенковски), да ги ставиме на маса и отворено да поразговараме за тоа кај сме, кои сме, што сакаме и каде одиме? Да направиме демистификација на сите митови, легенди и заблуди

Најнови вести

To top