Спорт

Марковски и Лазаревски донесоа пресврт и победа за Престон лајонс

Македонските „лавови“ славеа со 2:1 кај Волонгонг вулвс и исчекорија кон четвртфиналето во Австралискиот шампионат

Даниел Лазаревски

Македонците Џонас Марковски и Даниел Лазаревски се хероите на Престон лајонс, донесувајќи ѝ пресврт и триумф на гордоста на македонската заедница во Австралија од 2:1 на гостувањето кај Волонгонг вулвс за огромен исчекор кон четвртфиналето во Австралискиот шампионат во фудбал.

Марковски во 78. минута израмни, а Лазаревски една минута пред крајот погоди за огромна радост на „лавовите“ на „Македонија парк“ за реванш за несреќниот пораз на пенали во првиот меѓусебен дуел во Мелбурн и за прво место во групата Д од второлигашката конкуренција на петтиот континент.

Клубот формиран во 1947 година како Престон Македонија две кола до крајот води во групата со 7 бода, еден повеќе од Квинсленд лајонс, кој ќе го пречекаат на 13 ноември.

Блиску до пласман меѓу осумте најдобри екипи е и другиот „македонски“ тим Бродмидоу меџик, и покрај поразот од 2:1 на гостувањето кај Вестс АПИА. Клубот основан како Њукасл Македонија во 1966 година е втор во групата Б со 8 бода, два помалку од ривалот од кој загуби, а на 15 ноември ќе го пречека Авондејл.

Во четвртфиналето же се пласираат по две најуспешни екипи од четирите групи по четири тима.

 

Најнови вести од: Спорт

Шпански фудбалер почина откако доби удар со колено од противничкиот голман (ВИДЕО)

Голманот на Андора, Хесус Овоно, истрча далеку од својот гол за да ја пресече акцијата, и во обидот да интервенира, ја крена ногата и силно го удри Де Мигел со коленото, по што тој падна на теренот и ја изгуби свест

To top